Како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат да му раскинат на партнерот?

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-sakaat-da-mu-raskinat-na-partnerot-02.jpg

Вага

Кога Вагите ќе престанат да ја покажуваат љубовта кон партнерот, тоа е првиот знак дека размислуваат за раскинување. Повеќе не трошат време на слатки зборови и воопшто не се трудат да му го разубават денот на партнерот.

Скорпија

Додека Скорпиите можеби нема да го променат однесувањето кон партнерот пред раскинувањето, голем дел од времето минуваат во размислување. Се прашуваат зошто врската не може да опстои и неретко плачат поради тоа, без разлика што одлуката за раскинување е нивна.

Стрелец

Штом почнат да размислуваат за раскинување, Стрелците почнуваат да ја споредуваат нивната врска. Прават споредби со љубовните врски на пријателите, колегите, па и луѓе кои не ги ни познаваат добро, сè со цел да воочат што е можно повеќе недостатоци во нивната врска кои ќе им ја оправдаат одлуката за раскинување.

Јарец

За разлика од повеќето хороскопски знаци, Јарците се многу директни. Па, ако сметаат дека врската е осудена на пропаст, не трошат време на игри и манипулации. Наместо тоа, отворено му кажуваат на партнерот дека сметаат дека врската нема да потрае уште долго.

Водолија

Кога ќе им стане јасно дека сакаат да му раскинат на партнерот, Водолиите настојуваат да се затворат. Повеќе не споделуваат ништо со партнерот и целосно го исклучуваат од нивните мисли.

Риби

Кога Рибите сакаат да му раскинат на партнерот можеби нема да му го кажат тоа директно, но целосно престануваат да мислат за заедничката иднина. Всушност, не се ни надеваат дека врската можеби ќе опстане и престануваат да прават планови за иднината.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
Една најголема причина поради која секој хороскопски знак ќе ви раскине Бик - Ако личноста со која се во врска не може да им ја даде посакуваната сигурн...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава