Како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат да му раскинат на партнерот?

Додека Лавовите престануваат да се грижат за партнерот и не ги ни забележуваат нивните постапки, Девиците почнуваат расправии и за најмалите пропусти штом сфатат дека сакаат да ѝ стават крај на врската.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-sakaat-da-mu-raskinat-na-partnerot-01.jpg

Секое раскинување е болно, дури и ако двајцата партнери сфатат дека тоа е единственото решение.

Во некои ситуации раскинувањето е одлука на двајцата партнери, но некогаш само едниот почнува да размислува да стави крај на врската. А, штом размислува за крај, нормално дека ќе се случат промени во неговото однесување.

Па, како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат да му раскинат на партнерот?

Овен

Овните почнуваат да се оддалечуваат од партнерот доколку планираат да ѝ стават крај на врската. Не му враќаат веднаш на пораките, игнорираат ако партнерот им ѕвони на телефон, престануваат да прават заеднички планови…

Бик

Штом ќе сфатат дека сакаат да му раскинат на партнерот, Биковите покажуваат променливо расположение. Почнуваат да се жалат и за најмалите пропусти на партнерот и неретко почнуваат караница за секоја ситница.

Близнаци

Откако ќе се „изладат“ нивните чувства кон партнерот и почнуваат да размислуваат за раскинување, Близнаците почнуваат да го игнорираат. Не покажуваат никаков интерес за партнерот и најпрво почнуваат да го одбиваат за секс, а потоа престануваат и да зборуваат со него.

Рак

Ако Раковите престанат да споделуваат детали од нивниот ден со партнерот, тогаш сигурно размислуваат да ѝ стават крај на врската. Во овие мигови, ги избегнуваат долгите разговори со партнерот по секоја цена, а на неговите прашања одговараат само со збор-два.

Лав

Лавовите, едноставно, престануваат да се грижат за партнерот и врската штом размислуваат за раскинување. Повеќе не ги интересира дали партнерот направил некоја грешка и не ги ни забележуваат постапките на партнерот бидејќи не им е грижа.

Девица

Спротивно од Лавовите, пред раскинување Девиците почнуваат да се фокусираат на сите недостатоци на партнерот. Почнуваат караници за навистина неважни работи и, на некој начин пробуваат да го натераат партнерот тој да стави крај на врската, а не тие.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
Една најголема причина поради која секој хороскопски знак ќе ви раскине Бик - Ако личноста со која се во врска не може да им ја даде посакуваната сигурн...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава