Какви луѓе привлекувате според вашиот хороскопски знак?

kakvi-lugje-privlekuvate-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Најголем интерес за вас покажуваат луѓе кои сакаат еднаквост во врската.

Вие можете целосно да му се посветите на партнерот и никогаш да не ги запоставите неговите потреби, па привлекувате луѓе кои знаат да го ценат тоа.

Скорпија

Луѓето кои сакаат страст сметаат дека најпривлечни се Скорпиите.

Уште кога првпат ќе ве здогледаат, знаат дека врската никогаш нема да биде здодевна, па подготвени се да направат сè за вас.

Истовремено, тие ќе се восхитуваат на вашата посветеност на вашите цели и се надеваат дека ќе можат да научат нешто од вас.

Стрелец

Вие сте најпривлечни за луѓето кои го ценат хуморот и кои бараат пријател во врската.

Дефинитивно можете да им го понудите ова, а тие го воочуваат ова уште при првата средба со вас.

Јарец

Најчесто привлекувате луѓе кои ја ценат прагматичноста и кои сакаат стабилен партнер.

Вие привлекувате и лојални луѓе кои не сакаат да ве искористат, туку се надеваат дека ќе можат да изградат живот со вас.

Водолија

Вие сте најпривлечни во очите на луѓето кои бараат некакво значење во нивниот живот. Луѓе кои сакаат да размислуваат и кои сакаат да ги слушнат и вашите најдлабоки мисли.

Тие ве гледаат како инспирација, а притоа се восхитени од вашата добродушност.

Риби

За креативците, Рибите дефинитивно се најпривлечниот знак во зодијакот.

Вие сте „уметничка душа“ која ги цени убавите нешта во животот, па привлекувате луѓе со слични погледи.

Оние кои сакаат да бидат со вас се надеваат дека ќе им помогнете да го достигнат нивниот најголем креативен потенцијал.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg