Хороскопски знаци кои важат за најсмотани - збунети се и непромислени, а „јазикот“ им е побрз од умот

Кој е најсмотаниот хороскопски знак? Иако ова можеби изгледа како нефер прашање, факт е дека многумина си го поставиле, па дури и дошле до свои заклучоци.

Kako-izgleda-spisokot-na-najmostanite-horoskopski znaci-01.jpg

Проблемот кај овие знаци е што прво реагираат, а дури потоа размислуваат. Одлуките ги носат врз основа на чувства, а не на знаење или анализа.

 Но, голема предност е што, сепак, припадниците на овие знаци се генерално најсреќните во зодијакот.

Според овој список, најсмотан астролошки знак е Ракот. Тој го зазема првото место поради неговата преголема чувствителност и склоност кон прекумерни реакции, кои не се ниту интелигентни, ниту логични. 

Прво жестоко реагираат, а дури потоа размислуваат – ова е реченица која важи за Раковите, а одлуките ги засноваат на чувства, наместо на знаење и факти.

Стрелецот го зазема второто место. Тие најчесто се сметаат за опседнати со себеси, неодлучни и луѓе кои не ги бранат своите ставови.

Затоа оставаат впечаток дека се помалку интелигентни, иако тие се знакот што можеби најдобро ја гледа „сликата“ во пошироката смисла на зборот и значењето.

Овенот го „држи“ третото место. Тие се најголемата мистерија на овој список, бидејќи истовремено се и многу интелигентни и многу глупави.

Изгледаат невино, а поради неспособноста да ги сфатат работите сериозно, делуваат симпатично. Но, навистина не можат да се пофалат со емоционална интелигенција која им е неопходна за да ги разберат другите луѓе.

Вагата е следна на ред. Иако изгледаат интелигентно, тие најчесто ја користат својата моќ за да манипулираат со другите.

За разлика од Овенот, тие одлично ги разбираат туѓите чувства. Го обожаваат совршенството, а за да го постигнат, Вагите се подготвени на секакви глупости и подли трикови.

Лавовите сакаат да претеруваат и се многу егоцентрични. Бидејќи се подготвени на сè за да бидат сакани од другите, тие се позиционирани на петтото место на овој список.

Лавовите ќе се трудат од „петни жили“ да ги натераат другите да им се восхитуваат, дури и во работите за кои не се премногу способни или талентирани. Таа спремност за правење глупости им го обезбедува местото на овој список.

Биковите се последни на овој список на астролошките „смотанковци“. Опишани се како егоцентрични и „глупави“, најмногу затоа што не знаат како да се справат со отфрлување на другите луѓе кои не им одговараат на паметен начин. 

Кога нешто не е по нивно, тие можат да реагираат претерано, да бидат збунети и изгубени, а другите тогаш ги доживуваат како мрзеливи, себични, неснаодливи и неинтелигентни луѓе.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg