Една навика со која несвесно си ја саботирате љубовната врска, според хороскопскиот знак

Се трудите да ја зајакнете врската, но нешто постојано тргнува наопаку? Сте помислиле ли дека можеби вие сте виновникот?

edna-navika-so-koja-nesvesno-si-ja-sabotirate-ljubovnata-vrska-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Секој хороскопски знак има по некоја маана која може да доведе до несогласувања на љубовно поле.

Која е вашата со која што несвесно си ја саботирате врската, а ќе треба да ја промените?

Овен

На Овните никогаш не им е тешко да најдат начин како да ја уништат хармонијата во врската. Ако по некое чудо, работите се одвиваат како што треба, Овенот ќе започне расправија за нешто што се случило пред 10 години.  Компромисот е последно можно решение. Големото его не е добар знак за врската.

Бик

Бикот ја има таа лоша навика постојано да го испрашува партнерот за неговите планови, желби, активности. Секој сака кога партнерот им искажува љубов и внимание, но Биковите претеруваат. Тие сакаат да го знаат секој чекор на партнерот, а подготвени се да прекинат и сериозен разговор ако во моментот ги интересира каде се наоѓа другата половина. Кој би го трпел тоа?

Близнаци

Близнаците имаат навика да даваат многу ветувања, а никогаш да не преземат одговорност за тоа што нема да ги исполнат. Тие ќе се колнат во сите богови дека ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да направат работите да бидат како што треба, а иако претходно повеќепати извисиле, тоа сепак може да се повтори. Навистина иритантно за одржување на врска.

Рак

Раковите постојано имаат грижа на совест дека нешто погрешиле и по стопати во денот ќе го прашаат партнерот дали тие се виновни за неговата нервоза или лошо расположение. Тешко е да се биде со човек со кој не може малку да ви падне расположението од разни причини, а да треба по 10 пати во денот да го убедувате дека не е тој виновен и дека го сакате.

Лав

Познато е дека Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието, па најчесто нивните чувства, желби и потреби треба да се ставени на прво место. Имате навика да го прекинувате партнерот кога зборува за себе и да го префрлате разговорот во насока кон себе, додека пак вие не дозволувате тоа да ви биде направено вам. Мислите дека е лесно да се живее со таков партнер?

Девица

Девицата ја отежнува врската со тоа што сака да каже што мисли во моментот без да размисли на последиците. Едноставно, ретко им проаѓа низ глава мисла што би одлучиле да ја премолчат. Нивното критикување се граничи со опсесија, а на партнерите им е тешко да ја издржат нивната претерана искреност со оправдувањето „за твое добро“.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава