Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак?

Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходното лето било подобро, па чувствуваат тага и носталгија.

shto-najmnogu-ve-nervira-vo-leto-spored-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Коктели, патувања, безгрижни денови, концерти на отворено – постојат многу причини зошто летото им е омилената сезона на многумина.

Но сепак, колку и да го сакате летото, веројатно има барем една ситница што доаѓа со оваа сезона, а вие не можете да ја поднесете.

Што најмногу ве нервира во лето според вашиот хороскопски знак?

Овен

Во летните месеци, вие се активирате повеќе од кого било. Овој период вам и е важно само едно нешто – добра забава.

Но, тогаш станувате и свесни дека ретко кој може да го следи вашето темпо, а уште полошо е што не сте воопшто трпеливи.

На крај, нервозни сте бидејќи не можете да уживате во топлите денови како што сте си замислувале.

Бик

Вие не можете да ја поднесувате топлината, па ви се чини дека сте осудени целото лето да го поминете дома, под клима.

Сакате да излезете и да се забавувате, но не сакате да ја трпите жештината. Што значи, високите температури се вашиот најголем непријател во летната сезона.

Близнаци

Уште на почетокот од годината, вие почнувате да правите планови за летната сезона.

Проблемот е што неретко овие планови се нереални – во краток период сакате да направите милион нешта.

Па, на крај немате време ни за половина од планираното и ова, се разбира, ве иритира.

Рак

Летото е период кога сите сакаат да го пуштат мозокот „на пасење“. Никој не сака да се грижи за ништо и сите сакаат само да се релаксираат. 

Истовремено, во лето сите сакаат да се пофалат и каде отишле на патување, кој концерт го посетиле и слично.

Но, вам ви пречи сето ова, особено фалењето на другите.

Лав

Вам ви е важно да бидете во центарот на вниманието. Ова е уште поизразено кога ви е роденден.

Бидејќи вашиот роденден е среде лето, вие се чувствувате како да сте славеник целата сезона.

Но, разбирливо, другите не обрнуваат многу внимание на вашиот роденден, не ви даваат посебен третман и некогаш ова ве иритира.

Девица

Непланирани пијанки до рано наутро, непланирани трошоци, непланирани излегувања… Летото е вистински хаос, а вие само сакате да бидете организирани.

Целата летна сезона ви е преку глава од сиот овој хаос и едвај чекате да заврши.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg