Хороскопски знаци што сакаат да доминираат во секој аспект од животот, но не и во сексот (18+)

Постојат луѓе што сакаат да доминираат во секој аспект од животот, но кога станува збор за интимните мигови, тогаш се подготвени целата контрола да му ја препуштат на партнерот.

horoskopski-znaci-shto-sakaat-da-dominiraat-vo-sekoj-aspekt-od-zhivotot-no-ne-i-vo-seksot-18-01.jpg

Според астрологијата, постојат 4 хороскопски знаци кои сакаат да го имаат главниот збор за сè друго што им се случува во животот, но за време на интимните мигови сакаат да се опуштат и целата контрола да му ја препуштат на партнерот.

За кои хороскопски знаци станува збор?

Риби

На работното место и во домот Рибите се склони кон микроменаџмент и речиси секогаш сметаат дека треба да ги надгледуваат и да ги контролираат другите во сите аспекти од животот.

Рибите ќе ви стојат „над глава“ за да се осигураат дека тоа што го работите ги задоволува нивните строги критериуми.

Но, кога станува збор за интимните мигови, Рибите сакаат целосно да се препуштат на уживањето и да му ја препуштат контролата на партнерот.

Скорпии

Познти се по тоа што некогаш и премногу размислуваат за работите и речиси секогаш носат тежок товар врз своите плеќи, затоа што сметаат дека тие треба да го имаат главниот збор во секоја ситуација.

Можеби токму затоа, за време на интимните мигови сакаат да се опуштат и да не размислуваат премногу.

Сакаат да експериментираат со нови работи и секогаш се подготвени да пробаат нешто ново со партнерот.

Близнаци

Близнаците веруваат дека нештата ќе бидат добро завршени само ако самите ги засукаат ракавите и се посветат на работата.

Но, понекогаш ги исцрпува тоа што постојано сакаат да бидат присутни и да контролираат сè што се случува во нивниот живот.

Затоа, за време на интимните мигови, сметаат дека може да уживаат во мигот само ако целата контрола му ја препуштат на партнерот.

Стрелец

Стрелците имаат бујна имагинација и за време на интимните мигови често патуваат некаде во светот на фантазијата.

Иако сакаат да останат присутни и да ги контролираат сите одлуки што партнерот ги носи во секојдневниот живот, најчесто за време на интимните мигови сакаат во целост да му ја препуштат контролата на партнерот за тие да можат слободно да им се препуштат на сопствените фантазии.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...

Најчитани неделава