Како сами ги уништувате љубовните врски, според вашиот хороскопски знак?

Додека Овните не можат да поднесат кога врската ќе стане малку монотона, на Лавовите им е тешко да му веруваат на партнерот.

kako-sami-gi-unishtuvate-ljubovnite-vrski-spored-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

За една љубовна врска да опстане, потребна е работа и од двајцата партнери.

Партнерите треба да знаат како да комуницираат, да си веруваат и да бидат отворени еден пред друг.

Но дали мислите дека го правите сето ова, а сфаќате дека сепак ја уништувате секоја ваша љубовна врска?

Можеби астрологијата ќе ви помогне да откриете зошто.

Како сами си ги уништувате врските, според хороскопскиот знак?

Овен

Не можете да поднесете кога врската ќе стане малку монотона.

Кога станува збор за долги врски, нормално е да има малку досадни и монотони периоди. Но, вие никако не можете да се справите со нив.

Вие постојано сакате авантура, па станувате ужасен партнер кога ќе почне да спласнува почетната возбуда.

Поради ова, за вас е речиси невозможно да бидете во долга врска.

Бик

Не знаете како да се отворите пред партнерот.

Вам ви е страв да ги споделите вашите чувства и емоции со партнерот, па делувате како воопшто да не сте заинтересирани за него.

Со текот на времето, на партнерот почнува да му пречи ова, се сомнева во вашата љубов и станува јасно дека на врската ѝ се ближи крајот.

Близнаци

Некогаш не знаете да се однесувате како возрасна личност.

Врските бараат многу работа и не е доволна само љубовта. Но, вие заборавате на ова.

Заборавате дека треба да се однесувате и како возрасна личност, дека треба да водите и сериозни разговори, а ова ве прави лош партнер.

Рак

Никогаш не ги браните вашите интереси и ставови.

Вие мразите конфликти и ги избегнувате по секоја цена.

Ова значи дека дури и кога партнерот ќе направи грешка и ќе ве повреди, вие не спомнувате ништо за да избегнете конфликт.

Но, ова акумулирање на негативните чувства само ве тера да чувствувате одбивност кон саканата личност, поради што станувате лош партнер.

Лав

Не можете да му верувате на партнерот.

Иако изгледате како бестрашна личност, вие се соочувате со многу несигурности.

Многупати мислите дека партнерот ве користи, дека не ве сака, дека ќе ве повреди…

За вас е невозможно целосно да му верувате на партнерот, а поради ова страда вашата врска.

Девица

Секогаш одбирате погрешна личност.

Вие настојувате да одбирате партнери на кои им треба некаква помош. Партнери кои имаат многу проблеми, а вие мислите дека ќе можете да им ги решите.

Но, заборавате дека ако некој не сака да си ги реши проблемите, вие нема како да му помогнете.

По неколку неуспешни обиди, почнувате да се чувствувате како негувател на вашиот партнер, па вашиот однос само се влошува.

Уште шест хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg