Како сами ги уништувате љубовните врски, според вашиот хороскопски знак?

kako-sami-gi-unishtuvate-ljubovnite-vrski-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Имате превисоки очекувања од партнерот.

Вие сте грижлива личност и го очекувате истото од партнерот. Но, неретко барате и премногу.

Вие сакате партнер кој може да ви се посвети, но обично сте разочарани бидејќи не го добивате тоа.

Ова, пак, секако, води до караници.

Мора да бидете пореалистични во врска со вашите очекувања ако сакате да бидете добар партнер.

Скорпија

Не знаете како да ја покажете вашата љубов.

Вие никогаш не сакате да покажете ранливост, па некогаш ви е тешко да ја покажете и вашата љубов кон партнерот.

Ова, пак, прави да изгледате незаинтересирано и партнерот почнува да мисли дека не сакате да бидете со него.

Пробајте да бидете поотворени, барем пред луѓето кои знаете дека ве сакаат.

Стрелец

Не вложувате скоро ништо во врската.

Вие сте личност со слободен дух, но токму ова ве прави ужасен партнер.

Бидејќи сте безгрижни, не обрнувате многу внимание на партнерот, а поради ова можете да ја уништите и најстабилната врска.

Ако сакате сериозна врска, мора да се потрудите повеќе.

Јарец

Сакате партнерот да биде совршен.

Вие имате превисоки стандарди и за себе, и за вашите партнери.

Тешко ви е да прифатите дека сите луѓе имаат недостатоци, а кога партнерот ќе почне да ги покажува неговите, постојано му замерувате.

Очекувате партнерот да биде совршена личност без ниту една мана, а ова секако дека ја уништува врската.

Водолија

Ја потценувате интелигенцијата на партнерот.

Кога сте во врска, вие секојпат сте убедени дека сте поинтелигентни од партнерот.

Поради ова, ги потценувате неговите способности, а некогаш дури и го навредувате.

Мора да сфатите дека не сте најпаметната личност и мора да престанете да го омаловажувате партнерот.

Риби

Не можете да се отворите пред партнерот.

Вие мислите дека сте отворена личност, но виситината е дека голем дел од времето минувате сами со вашите мисли.

Во овој случај, вашето мечтаење не е проблем, туку тоа што не споделувате ништо со партнерот.

Имате очекувања и желби поврзани со него, но никогаш не му ги кажувате, па тој не ни знае што мислите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава