Една ваша карактеристика прави да сте лесни за манипулирање, според хороскопот

koja-karakteristika-ve-pravi-lesni-za-manipuliranje-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага - желба за контрола

Во повеќето случаи, вие ги контролирате другите, но искусните манипулатори знаат како да го искористат ова.

Вие сакате да ги контролирате другите бидејќи сакате сите да имаат добро мислење за вас.

Кога некој манипулатор ќе го сфати ова, ќе почне да ве опсипува со комплименти, ќе ве убеди дека ве сака и лесно ќе ве натера да направите што било.

Скорпија - одмаздољубивост

Иако на другите не им е воопшто лесно да ве манипулираат, вашата неспособност да контролирате одредени емоции може да ве направи лесна мета.

Обично вие сакате да им се одмаздите на оние кои ви згрешиле. А, некој лесно може да го искористи ова – ќе ви се прикаже како сојузник во желбата за одмазда, ќе почнете да му верувате безусловно и ќе станете лесни за манипулирање.

Стрелец - страв од осаменост

За некој да успее да ве контролира, сè што треба да направи е да се потруди да се чувствувате отфрлено.

Вие сакате да бидете дел од сите случувања и се чувствувате ранливо кога сте изоставени.

А, кога сте во ваква состојба, мошне лесно потпаѓате на манипулации.

Јарец - желба за туѓо признание

Вие сакате другите да ве гледаат како забавна и интересна личност.

Ако некој сака да ве манипулира, ќе проба да ве убеди дека во неговите очи навистина сте ваква личност.

Поради ова, вие ќе почнете да му верувате, па ќе станете лесна мета за манипулации.

Водолија - бунтовност

Вие толку многу им се спротивставувате на авторитетите, што некој може да ве контролира само ако направи да се чувствувате како да се бунтувате против нешто.

Вие сакате да прекршувате правила и некогаш не ви е ни важно за што се бунтувате, а ова ве прави лесни за контролирање.

Риби - добрина

Вие сте многу добра личност, па доволно е некој да ве натера да го сожалувате за да може да ве контролира.

Вие сакате да им угодувате на другите, дури и на сметка на вашата среќа, а штом манипулаторот ќе го сфати ова, лесно може да го искористи против вас.

Продолжете да се грижите за другите, но бидете повнимателни со нивните намери.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една досадна навика со која ги нервирате сите, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте скржави со пари, без разлика колку многу имате. Лавови, вие сакат...

Најчитани неделава