Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали браковите склучени за време на ретрограден Меркур се осудени на пропаст?

Што треба да знаете ако планирате да стапите во брак за време на ретроградниот Меркур и дали негативното влијание на планетата ќе се одрази и врз бракот?

bezbedno-li-e-da-stapite-vo-brak-za-vreme-na-retrogradniot-merkur-i-na-shto-treba-da-vnimavate-01.jpg

Кога Меркур е ретрограден, тоа значи дека планетата привидно се движи наназад во својата орбита, а според астролозите ова е период кога сè оди наназад и ги повторуваме старите грешки. Дали тоа значи дека ова не е поволен период за стапување во брак?

Секоја година Меркур по трипати во годината се движи наназад и тоа е период што трае околу 3 недели.

Со оглед на тоа што ретроградниот Меркур има влијание врз комуникацијата, многумина се прашуваат дали ова е поволен период за стапување во брак и дали можеби е подобро да се одложи свадбата?

bezbedno-li-e-da-stapite-vo-brak-za-vreme-na-retrogradniot-merkur-i-na-shto-treba-da-vnimavate-03.jpg

Според астролозите, кај младенците што во овој период стапуваат во брак може да се случи да чувствуваат несигурност, проблеми во комуникацијата и недоразбирања. Сепак, мора да имате предвид дека астрологијата е тука само за да ви даде насоки, а тоа не значи дека треба целосно да ги менувате плановите.

Така што, иако нештата може да бидат отежнати, сосема е безбедно да стапите во брак. Потешкотиите може да се одразат повеќе на планирањето на свадбата и самата церемонија, отколку на тоа колку ќе трае бракот.

Ако љубовта е вистинска, тогаш ништо нема да може да ви го расипе овој ден.

bezbedno-li-e-da-stapite-vo-brak-za-vreme-na-retrogradniot-merkur-i-na-shto-treba-da-vnimavate-02.jpg

Неколку совети како да го преживеете ретроградниот Меркур, ако во овој период правите свадба?

Најважно е да имате добро разработени планови и да не оставате ништо за последниот момент. Потпрете се на вистинските луѓе што ќе ви помогнат да ги испланирате сите детали и не оставајте ништо на случајноста.

Обидете се нештата да бидат колку може поедноставни. Не земајте премногу обврски, што ќе направат да се чувствувате преоптоварени.

Не се нервирајте ако нештата не одат целосно според планот. Тоа може да му се случи секому и имајте предвид дека периодот е таков, па може да очекувате непредвидени проблеми и потешкотии.

Со оглед на тоа што Меркур влијае и врз технолошките уреди, направете копија на потребните документи, во случај да се соочите со непредвиден проблем со нив. Исто така, доколку планирате да користите уреди за посебниот ден, осигурете се дека имате резервен план за секој случај.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2023: Риби Астрологијата предвидува дека 2023-та ќе биде релативно мирна година за Рибите. ...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...
Љубовен хороскоп за јануари 2023: Лавови – врски со повеќе личности, Риби – новата љубов ќе ви донес... Кому јануари ќе му донесе незаборавни мигови на љубовен план, а кој ќе треба да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg