Љубовен хороскоп за октомври 2022: Овни – флерт со личност со сомнителен морал, Водолии – романтично патување

Овен: Ако сте слободни, во првата половина од месецот ќе имате средби со личности од кои мора да избегате по секоја цена. Но, можно е да не успеете да ѝ одолеете на една од нив и да имате авантура која ќе ве повреди. Дури кон крајот на месецот ќе запознаете приземјена и културна личност со која е можна сериозна емотивна врска.

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2022-ovni-flert-so-lichnost-so-somnitelen-moral-vodolii-romantichno-patuvanje-01.jpg

Кој ќе се вљуби во сосема погрешна личност, кој ќе форсира врска што не функционира, а кој пак ќе ја смири тензијата и ќе ја круниса врската?

Љубовен хороскоп за октомври 2022:

Овен

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот ќе имате проблеми со саканата личност, ќе имате различни потреби во врската и ќе се оддалечите. Дури по 10-ти октомври ќе ја подобрите комуникацијата и ќе пронајдете начин да се усогласите, особено околу финансиите.

Потоа ќе ви следат интимни мигови, полни страст, како некогаш.

Ако сте слободни:

Во првата половина од месецот ќе имате средби со личности со сомнителен морал, од кои мора да избегате по секоја цена. Но, можно е да не успеете да ѝ одолеете на една од нив и да имате авантура која ќе ве повреди.

Дури кон крајот на месецот ќе запознаете приземјена и културна личност со која е можна сериозна емотивна врска.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе откриете работи кои партнерот ви ги има премолчено и намерно скриено, па тоа ќе ви ги залади односите. Ќе имате конфликти околу тоа како сакате да ви изгледа социјалниот живот и тешко ќе ви оди договарањето околу важните работи.

Само ако си посветите малку повеќе време и внесете динамика во односот, ќе го надминете кризниот период.

Ако сте слободни:

Ќе имате авантура која за жал нема да биде така забавна како што очекувате. Но, од друга страна некоја сосема неочекувана средба ќе се претвори во нешто повеќе.

Личност од спротивниот пол ќе ве привлече со енергијата, стабилниот карактер и до крајот на октомври веќе ќе бидете сигурни дека си посакувате заедничка иднина со оваа личност.

Близнаци

Ако сте во врска:

Некој пријател ќе ви создаде неволји во врската. Некој разговор со него, кој сте го премолчиле пред партнерот, ќе биде причина за кавга.

Мора да се потрудите да минувате повеќе време со партнерот и да го вклучите во носење на важните одлуки. На крајот од денот, свесни сте дека само со него сте доволно опуштени за да зборувате за потиснатите стравови, па возвратете му за тоа.

Ако сте слободни:

Некое пријателство ненадејно ќе се претвори во страст. Неочекуван интимен однос ќе ве наведе да помислите дека може да бидете во емотивна врска, но на долг рок ова ќе ви донесе разочарување.

Дури во втората половина на месецот има шанси да запознаете личност со која сте навистина компатибилни и која од старт ќе настапи без преголеми очекувања од вас.

Рак

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот ќе мора да ја подобрите комуникацијата со саканата личност и да разговарате отворено за проблемите кои ве измачуваат веќе извесен период. Мора да направите компромис околу заедничките планови за во иднина.

Посветете време и на заедничките активности со вашите семејства и дадете си поддршка на поле кариера.

Ако сте слободни:

Една личност која ви се допаѓа одамна, спонтано со однесувањето, ќе прави да се чувствувате несигурно за да ѝ се додворувате. Сепак, ако бидете малку поодлучни месецов, конечно ќе успеете да организирате средба и можно е тоа да биде почеток на една хармонична и долга врска.

Средбите ќе ви бидат чести затоа што едноставно ќе чувствувате дека темите за разговор ви се непресушни.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе бидете фокусирани на тоа односот со саканата личност да го направите посмирен и постабилен. Бидете отворени за предлози и забелешки од страна на партнерот.

Ќе биде одлично за двајцата ако го подобрите социјалниот живот и организирате заеднички активности или патувања со пријателите. Некоја ваква активност или патување ќе ви ја врати старата страст во врската и ќе го гледате партнерот вљубено како некогаш.

Ако сте слободни:

Ќе размислувате што грешите и зошто сте сингл. Како постојано да правите погрешни потези кога станува збор за изборот на соодветен емотивен партнер.

Долго време постои личност која многу ве посакува, но вие не ја ни забележувате. Разгледајте добро околу себе и размислете кому вреди да му дадете шанса.

Девица

Ако сте во врска:

Конечно ќе добиете шанса да ги надополните пропуштените заеднички мигови со саканата личност. Многу теми долго време одложувате и сега е вистинското време за нив.

Во втората половина борбата за некоја заедничка цел ќе направи да ви се отворат нови врати и да ја зацврстите вашата врска.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе соберете храброст да ѝ пријдете на некоја личност која одамна ви се допаѓа.

Сепак, нема да брзате во влегување со интимни односи и ќе оставите работите да имаат спонтан тек. Ќе се појават силни емоции од двете страни.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за мај 2022: Овни - ќе ја пронајдете сродната душа, Ракови - романтично патување со... Раковите ќе имаат интимни мигови со саканата личност и ќе си посветуваат повеќе ...
Љубовен хороскоп за јуни 2022: Девици – доста ви е од лоши флертувачи, Ваги – ја одржувате врската в... Водолиите ќе запознаат личност која ќе доминира со нив, а нема да забележат биде...
9-те најдобри љубовни парови, според хороскопот Водолијата и Близнаците се совршен пар. Проблем е само да се адаптираа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg