За 3 дена ќе имаме полна крвава Месечина – кои два хороскопски знаци ќе бидат најпогодени?

Кои два хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од крвавата Месечина што ќе трае два дена? На што треба особено да внимавате во периодот од 9-ти до 10-ти октомври и што може да очекувате?

vikendov-dva-dena-kje-imame-polna-krvava-mesechina-koi-dva-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-01.jpg

Наскоро ќе имаме двојна крвава Месечина, која е позната и како „Месечината на ловецот“ (Hunter’s Moon).

Полната Месечина на небото ќе може да се забележи две последователни вечери и тоа на 9-ти и на 10-ти октомври, а според астролозите ќе предизвика низа проблеми за голем број хороскопски знаци.

Според Forbes, 15-тина минути по „изгревањето“ Месечината ќе изгледа поголемо и со посилна боја од вообичаено.

vikendov-dva-dena-kje-imame-polna-krvava-mesechina-koi-dva-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-02.jpg

Со оглед на тоа што за време на следната полна Месечина (25-ти октомври) ќе имаме целосно помрачување, природниот сателит на Земјата овој викенд ќе има портокалова боја, заради што ја нарекуваат и „крвава“.

Според астролозите пак, ова е периодот кога Месечината има мошне интензивно влијание па речиси сите хороскопски знаци ќе почувствуваат длабока потреба за ослободување или за започнување нови почетоци.

vikendov-dva-dena-kje-imame-polna-krvava-mesechina-koi-dva-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-03.jpg

Така овој викенд можете да очекувате емотивни и духовни промени, а исто така можно е конечно да ви се остварат некои долго посакувани соништа или да доживеете пријатни изненадувања.

Тешката енергија на крвавата Месечина ќе ја почувствуваат подеднакво сите знаци во хороскопот, но два ќе се соочат со најмногу предизвици.

Во продолжение погледнете кои се тие:

Риби

Со оглед на тоа што Месечината ќе изгрее во нивното соѕвездие, Рибите периодов ќе бидат погодени од поголеми финансиски проблеми.

Кај некои претставници од знакот можно е доцнење на платата, можни се проблеми со исплатата на ратите од кредитот или може да се соочат со неочекувани казни.

Викендов Рибите треба да бидат особено внимателни затоа што под влијание на Месечината може да се соочат со неочекувани поголеми трошоци.

Можни се и конфликти со блиските, со роднините, партнерот, децата... Бидете мошне внимателни како комуницирате со другите луѓе за да не си предизвикате трајни проблеми.

vikendov-dva-dena-kje-imame-polna-krvava-mesechina-koi-dva-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-04.jpg

Водолија

Внимавајте на документите, административните работи и сѐ што вклучува ваша согласност и потпис. Можно е да направите грешка при пополнувањето на некои важни документи или да имате проблем со запазувањето на роковите.

Може да ви се случи да немате уредна возачка дозвола и да ве застане полиција. Сѐ на сѐ, сите проблеми што ве очекуваат може да бидат поврзани со личните документи, па на тоа треба особено да внимавате.

Исто така, ова е период кога ќе бидете изразено анксиозни и вознемирени затоа што чувствувате дека ништо не ви оди според плановите.

vikendov-dva-dena-kje-imame-polna-krvava-mesechina-koi-dva-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава