Една работа која го „издава“ секој хороскопски знак што изневерува

Ако одеднаш Ракот стане студен кон вас, ве избегнува и не ви обрнува внимание, тоа може да значи дека во моментот води сметка за нечии туѓи емоции. Што ги издава хороскопските знаци дека изневеруваат?

shto-gi-izdava-horoskopskite-znaci-deka-izneveruvaat-koj-kje-ve-ignorira-a-koj-kje-go-krie-telefonot-01.jpg

Ако се сомневате дека партнерот ве изневерува, според астролозите секој хороскопски знак има по нешто што го издава и го потврдува овој сомнеж.

Секако, не значи дека секогаш е тоа причината, но на кое однесување треба да внимавате според хороскопскиот знак на вашиот партнер?

Овен

Овните се страсни љубовници, а познати се по тоа што кога се вљубени, го опсипуваат партнерот со изјави на љубов, допири и размена на нежности, па со нив се чувствувате како да сте најважната личност во нивниот свет.

Така, ако вашиот партнер во знакот Овен почне да ве избегнува, да ви дава по еден краток бакнеж наутро и да избегнува да биде интимен, тоа значи дека најверојатно својата потреба за нежности ја добива на друго место.

Бик

На почетокот изгледаат студени и недопирливи, но со текот на времето, кога ќе ве запознаат, се отвораат и од партнерот постојано бараат совет и мислење за сѐ и сешто.

Ним им е важно да имаат партнер чиешто мислење ќе им помогне и на кого можат да се потпрат.

Во оној миг кога веќе нема да ви бараат мислење и совет, потребно е да се загрижите – тоа може да значи дека најверојатно тоа што им треба го добиваат на друго место.

Близнаци

Комуникативни и дружељубиви, Близнаците се познати по тоа што постојано го шират кругот на пријатели, а секогаш бараат некое ново хоби, активности или клубови.

Кога сте во пријателски односи со нив тие секогаш се отворени и искрено кажуваат што им лежи на срце, па немаат никаков проблем да ги споделуваат сите детали од животот.

Ако забележите дека партнерот наеднаш станува мошне повлечен и го крие телефонот, тогаш би требало да се загрижите – најверојатно е внимателен да не најдете некој разговор што не би требало да го видите.

Рак

Кога сте во врска со Рак, тие веднаш ви стануваат најдобри пријатели – мошне се трпеливи и подготвени да ви пружат поддршка во секој аспект од животот и знаете дека секогаш внимаваат на туѓите емоции.

Ако одеднаш вашиот партнер стане студен кон вас, ве избегнува и не ви обрнува внимание, тоа може да значи дека во моментот води сметка за нечии туѓи емоции.

Лав

Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, но во љубовните врски важат за мошне лојални партнери, кои ќе направат сѐ за да блескате заедно со нив.

Лавовите може да почнат да изневеруваат ако забележат дека не ги цените доволно и не им го вреднувате трудот.

Ако наеднаш почне повеќе да се дотерува и да излегува сам, тоа е сигурен знак дека Лавот го бара потребното внимание на друго место.

Девица

Мошне се практични и аналитични, па заради тоа и предвидливи. Во врските со Девиците секогаш знаете што можете да очекувате – тие не прават нагли промени во животот, ако нешто ги замолите да направат, ќе го завршат тоа без да ги потсетувате.

Па така, кога ќе забележите неочекувана промена во нивниот распоред или пак ако забележите дека не се таму каде што ви кажале дека ќе бидат, тоа е знак дека Девицата наскоро планира да направи промени и во вашиот љубовен живот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg