Кој Дизни антагонист сте според вашиот хороскопски знак?

Протагонистите во анимираните филмови на Дизни се несомнено неодоливи, но да бидеме искрени, честопати беспрекорната доза на сарказам која ја поседуваат негативците умее да нè претвори во нивни „тајни“ обожаватели.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 01 630x330.jpg

Секој хороскопски знак има своја „лоша“ страна, со која секој од нас во одредени моменти и ситуации се обидува да се избори.

Секако, не станува збор за отровно јаболко, ниту пак зли магии и пакости, но можеби за миг во нас се буди црвенкастиот Луцифер, кој непрекинато се обидува да ги одвлече нашите мисли во погрешниот правец.

Дали некогаш сте размислиле кој Дизниев антагонист соодвестува со вашиот карактер, во моментот кога ќе ви проработат лошите „бубачки“?

Овен – Хадес

Хадес е природен лидер кој ја мрази својата работа. Тој смета дека водењето на подземјето е навистина депресивно, па затоа измислува план за соборување на големиот Зевс и преземање на Олимп.

Овни, се пронајдовте ли?! Монотонијата е она што со брзина на светлината може да ги засити овие хороскопски знаци и фрустрирачки да ја зголеми нивната потреба да бидат „број еден“, така што не забележуваат ништо друго околу себе – освен да го достигнат врвот.

Слично како и Хадес, неуспесите кај Овните предизвикуваат силен бес и вознемиреност. 

За среќа, одличната смисла за хумор и постојаната желба за забава се големи помошници во овие несреќни случаи, така што Овенот брзо заборава на неговото потклекнување.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 02 630x622.jpg

Бик – Џафар

Сите Бикови имаат своја заедничка тајна – никогаш нема да признаат дека се мрзеливи, а хедонистички уживаат да се релаксираат по долгиот, работен ден. Тие умеат да спијат со часови.

Добропознатиот негативец Џафар е карактеристично олицетворение на Биковите. Тие знаат како да уживаат во убавите работи кои ги носи животот, но одлично би било доколку постои некој кој би ја завршил нивната работа.

Гробниците исполнети со тајно богатство и златните планини тотално го маѓепсаа Џафар, но тој бараше „жртва“ која ќе се осмели да го донесе тоа што тој го посакува. Сепак, доколку работите изглезат од контрола, Бикот ќе го преземе примарното место и ќе направи сè за да успее во саканото.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 03 630x603.jpg

Близнаци - Ханс

Велат, секој Близнак има две страни. Можат да бидат бесконечно лути, а сепак да ги штитат пријателите и семејството од секој кој ќе се обиде да им наштети.

Поради оваа причина, Ханс од Frozen е совршен Близнак. Низ целиот филм, изгледа дека станува збор за грижливо и посветено момче. 

Сепак, тој има тајна намера во своја корист - да ја изманипулира принцезата Ана, за да може да го заземе нејзиното кралство.

Харизмата на Близнаците ги привлекува луѓето, но доколку не сте им симпатични, или пак од вас имаат некаква корист, тие никогаш нема да се прикажат себеси во целост.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 04 630x553.jpg

Рак – Злобната кралица

Ракот е еден од најчувствителните знаци на Зодијакот. Имено, тие се едни од најемпатичните хороскопски знаци, но во најлошите денови, нивната чувствителност се претвора во пад на нивната самодоверба.

Ова е причината зошто некои Ракови соодвестуваат со Злобната кралица од Снежана. Злобната кралица е една од најпознатите Дизни негативци, но нејзината злобна природа доаѓа од чувството на длабока несигурност.

Таа се обидува да ја убие Снежана со отровното јаболко, само затоа што таа е поубава од неа. Соодветно на ова, Раковите често работат на себе, со цел правилно да раководат со својата психа и меѓудругото, да ја зајакнат својата самодоверба.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 05 630x423.jpg

Лав – Шан Ју

Лавовите се родени лидери. Тие се бестрашни во секој свој чекор, па со самото тоа понекогаш изгледаат како егоистични и арогантни луѓе.

Како Дизни антагонист, Лавот дефинитивно се препишува на Шан Ју од Мулан, бидејќи не постои друг хороскопски знак погоден да води цела армија, во својот немилосрден погон.

Шан Ју е еден од најнемилосрдните негативци на Дизни, а Лавовите понекогаш можат малку да се занесат кога се обидуваат да украдат нечие внимание.

Тие навистина умеат да бидат непријатни со луѓето кои се обидуваат да го „пригушат“ нивниот интензивен сјај.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 06 630x701.jpg

Девица – Господарка на злото

Девиците се со сигурност едни од најпаметните знаци во Зодијакот, но понекогаш тие нескромно прикажуваат дека се подобри од сите останати во својата околина.

Препознатливата Господарка на злото, поради неочекувано разочарување во минатото, станува немилосрдна и не покажува симпатии кон никого, освен кон нејзиниот миленик - гавранот Дијабло.

Во превод тоа би значело: доколку разочарате Девица, не очекувајте прошка со вашиот прв обид – напротив, тие тешко даваат втора шанса.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 07 630x398.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg