Кој Дизни антагонист сте според вашиот хороскопски знак?

Вага – Мајката Готел

Вагите најдобро функционираат кога се опкружени со своите најблиски, па затоа можеби на моменти се однесуваат како мајката Готел од Tangled. 

Готел не може да живее без лековитите способности на Рапунзел, односно моќта на нејзината коса.

Пропаста на Готел е нејзината себичност, што на моменти е одлика со која неуморно се борат Вагите.

Се маскира како грижлива, презаштитена мајка (Вагите генерално се многу грижливи), но сепак манипулира со Рапунзел бидејќи е целосно зависна од неа.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 08 630x630.jpg

Скорпија – Скар

Скорпијата е верна и заштитнички настроена во своите добри денови. Како негативни карактеристики: тие се посесивни, опсесивни, а на моменти и злопамтила.

Енигматичниот негативец на кралот Лав, Скар ги олицетворува токму овие негативни карактеристики на знакот Скорпија. Тој не верува во никој од многу добра причина: никој не може да му верува нему.

Неговиот внатрешен круг е ограничен на неколку хиени кои се покоруваат кон секој негов каприц.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 09 630x370.jpg

Стрелец – Круела де Вил

Постојат два вида на Стрелци: сочувствителен вид, кој секогаш е соодветно рамо за плачење, и груб вид, несовесен, немилосрден, без конструктивни аргументи во своите ставови.

Оној вториот се поистоветува со легендарната антагонистка, Круела де Вил. Повеќето луѓе ни на сон не би помислиле да усмртат кученце за дизајнерско крзнено палто, како што намерува злобната Круела.

Таа е крајно нетактична и има тенденција да се појавува во туѓи домови кога ќе посака. Неизмерно е вознемирена кога работите не одат како што треба. 

Како и повеќето Стрелци, Круела поседува длабока љубов кон културата. Таа е покровител на уметностите и живее за високата мода, но за жал нејзината прекумерна желба оди во сосема погрешна насока.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 10 630x636.jpg

Јарец – Гастон

Јарците претендираат да бидат уважувани и сакани, токму како младиот Гастон. Тој е шармантен, убав и дивјачки управуван, особено кога станува збор за освојување на Ѕверот кој ја заробува Бел.

Од перспектива на Гастон, тој е белиот витез кој ја спасува својата принцеза. Јарците често се херои кои се жртвуваат себеси, за да ги спасат своите најблиски, без разлика на околностите. 

Соодветно на тоа, тие често го избираат немилосрдниот начин за спротивставување на својот противник.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 11 630x448.jpg

Водолија – Урсула

Водолиите навистина сакаат да ги „размрдаат“ работите, токму како Урсула. Водолиите се вистински бунтовници. Ним не им е потребна причина за да го започнат своето трагање.

Тие цврсто чекорат напред - и во некој случај нивните непромислени чекори умеат да направат апсолутен хаос. Понекогаш, Водолијата дејствува за доброто на другите, предизвикувајќи социјални промени и хуманитарни добра.

Но доколку не им е денот, тие можат да ја украдат „душата“ –  што соодвестува на постапките на бескрупулозната Урсула.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 12 630x419.jpg

Риби – Капетан Кука

Рибите имаат способност да предизвикаат сочувство кај другите, сликовито како антагонистот од Петар Пан, капетанот Кука. 

Капетанот Кука е еден од најстрашните злобници на Дизни, чија најлоша карактеристика, покрај желбата за одмазда е длабоката несигурност.

Без морнарите, неговите подвизи се неостварливи. Слично на него, Рибите може да подготвуваат голема игра, но потребна им е потпора која ќе ја отстрани нивната несамодоверба.

Сепак, овој хороскопски знак се одликува со сила поголема од предвиденото, доколку знае правилно да ја искористи.

Koj-dizni-antagonist-ste-spored-vashiot-horoskopski-znak 12 630x472.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...

Најчитани неделава