5 хороскопски знаци кои се најлоши партнери за љубовна врска

Иако Рибите се личности кои вистински се грижат за партнерот и неговите емоции, нивната неодлучност може да ги направи одбивни во очите на многумина.

5-horoskopski-znaci-koi-se-najloshi-partneri-za-seriozna-vrska-01.jpg

За да бидете среќни со некоја личност, треба да бидете компатибилни. Истовремено, треба да сте подготвени да ги прифатите вашите лоши карактеристики, да правите компромис, а некогаш и да направите промени во вашето однесување за да ја спасите врската.

Но, секој си има граница до каде би одел и колку би менувал за својот партнер. Постојат луѓе со кои никогаш не би можеле да изградите здрава и стабилна врска бидејќи вашите карактеристики, едноставно, не се компатибилни.

Во астрологијата постојат пет хороскопски знаци чии карактеристики ги прават лоши партнери во очите на повеќето.

Ова не значи дека тие никогаш нема да најдат партнери, туку ќе им треба личност која навистина ќе може да се справи со нивните главни карактеристики.

За кои знаци станува збор?

Овен

Иако сте друштвена личност и на повеќето не им пречи да минуваат време со вас, кога станува збор за врски, не секој би издржал.

Вие имате огромна самодоверба која е привлечна за некои, но за многумина делува нападно.

Покрај тоа, вашата желба за контрола може да направи партнерот да се чувствува потценето, а ретко кој сака да го трпи ова.

Сепак, има луѓе кои вистински можат да ве разберат и навистина би биле пресреќни со вас.

Близнаци

Во некои случаи, проблем за другите е дволичноста која е карактеристична за повеќето Близнаци.

Но, не сите луѓе со вашиот хороскопски знак се дволични и обично поголем проблем е фактот што вие не можете да му се посветите на еден партнер.

Дури и кога сте навистина среќни во врската, вие постојано размислувате за другите опции и се прашувате дали би биле посреќни со некој друг.

Ова не значи дека никогаш не можете да се посветите на еден партнер, но потајно секогаш ќе се прашувате „Што ако…“.

5-horoskopski-znaci-koi-se-najloshi-partneri-za-seriozna-vrska-02.jpg

Скорпија

Кај вас не постои средина – луѓето или ве сакаат, или ве мразат.

Додека за некои е одлично што сте страсна личност, другите повеќе се фокусираат на фактот дека сте посесивни и одмаздољубиви.

Многу луѓе би сакале да бидат во врска со вас, а вашата мистериозност дополнително ги привлекува.

Сепак, со текот на времето стануваат свесни дека ако направат и најмала грешка со вас, вие ќе направите сè за да им се одмаздите, па дури и да им го уништите животот.

Ова не значи дека сте лош партнер во романтична врска, но не секој е подготвен да се справи со вашиот интензитет.

Водолија

Вие не сте личност која брза со врските и обично прво сакате да се зближите со некого, да изградите пријателство, па дури потоа да размислувате за нешто романтично.

Но, некои луѓе немаат време за чекање.

Покрај тоа, вашата желба за самотија и фактот што ги исклучувате сите од вашите проблеми и животни случувања не им ја олеснува работата на партнерите.

Обично кога ќе почнете врска вие целосно му се посветувате на партнерот, но не секој може да издржи додека да стигнете до таа фаза.

Риби

Вие сте емотивна личност и можеби сте изненадени што се наоѓате на оваа листа.

Но сепак, кога станува збор за љубов, неретко сте неодлучни – не сте сигурни што сакате и постојано си го менувате мислењето.

Истовремено, настојувате одново и одново да им давате шанси на луѓе кои вистински ве повредиле и дури и кога сте со нов партнер, се прашувате дали би можеле да спасите некоја стара врска.

Поради сето ова, многумина ве сметаат за лош партнер.

Оние кои не можат да се справат со вашата неодлучност и вашата желба да им удоволувате на буквално сите, тешко дека би издржале со вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg