Еротски хороскоп за 2023-та година: Ваги – игри на доминација, Водолии – нема потреба да се срамите од своите фантазии

erotski-horoskop-za-2023-ta-godina-devici-avanturi-so-poraneshnite-partneri-vagi-ne-sakate-partnerot-da-dominira-02.jpg

Вага

Вагите што се во врска во 2023-та година можно е да имаат „борба“ за доминантност со партнерот за време на интимните мигови. Ова ќе биде година во која тешко ќе се откажете од желбата вие да го имате главниот збор и да се препуштите на фантазиите на партнерот.

Во април, сите оние што не се сигурни дека можат да ги прифатат барањата на партнерот можно е да одлучат да стават крај на врската и да побараат некој друга по компатибилен партнер со кого ќе се чувствуваат посреќни и поисполнети.

Веќе со почетокот на летото нема да имате нерви да влегувате во какви било врски каде што треба да задоволувате нечии потреби и да се покорувате на нечии барања.

Оние што подолго време се сами во август ќе имаат најголема можност да влезат во врска со личност што ќе може целосно да им ги исполни желбите и фантазиите.

Во главно за Вагите 2023-та година ќе биде период кога ќе треба самите да си признаат што е она што навистина го бараат.

Скорпија

Само вие успевате да уживате во сексот во врските каде што ништо друго не оди како што треба. На почетокот на годината ќе преовладуваат емоциите во интимните мигови, па можно е да влезете во врска со личност што премногу ќе ја идеализирате.

Во периодот на пролетта најверојатно ќе сакате да направите уште една крупна промена на интимен план и да почнете да барате посериозна врска, ако сте сигурни дека сте ја запознале вистинската личност.

Ова ќе биде одлична година за да излезете од својата комфорна зона, да им се препуштите на фантазиите и да разговарате со партнерот. Немојте да се срамите од тоа што го посакувате, ако партнерот не ве прифаќа такви какви што сте тогаш нема потреба да го губите времето.

Стрелец

На почетокот на годината ќе мора да научите што значи да бидете поинтимни со партнерот и да дадете сѐ од себе за да ја зачувате врската. Оние слободните можно е  во овој период да влезат во сериозна врска на која сериозно ќе бидат посветени за да успее.

Во 2023-та година Стрелците ќе бидат сконцентрирани на тоа да влезат во сериозни врски, а ќе избегнуваат секс за една ноќ и авантури.

Можно е да бидете изненадени од задоволството што можете да го искусите кога ќе се посветите на тоа да се запознаете со некого и сериозно да се посветите на врската со него.

Најголем број средби можно е да имате во средината на летото, но ќе мора да изберете да ги отфрлите сите оние што очекуваат од вас да ги прифатите само нивните барања, без да водат сметка и за вашите потреби.

Јарец

Ако сте во сериозна врска, тогаш во 2023-та година ќе сфатите што значи да ја истражувате сопствената сексуалност со личност на која ѝ верувате во целост. Можно е на почетокот на годината да донесете одлука да влезете во сериозна врска или во брак.

Оние што се слободни кон средината на мај можно е да одлучат да почнат врска со некоја личност која е сосема поинаква од оние со кои вообичаено се гледале и тоа да им овозможи да дознаат нешто повеќе за себе и за својата сексуалност.

Ќе се чувствувате атрактивно за спротивниот пол, што само ќе ви помогне да си ја зголемите самодовербата на сексуален план.

Водолија

На почетокот на годината конечно ќе расчистите со себеси и ќе ги прифатите сопствените сексуални фантазии какви што се без да се срамите од нив.

Можно е во овој период да почнете да барате нешто ново од партнерот и да се обидете да го зачините сексуалниот живот.

Голем број Водолии во летниот период ќе почнат да бараат врски во кои ќе се чувствуваат сексуално исполнети, што може да им предизвика проблеми на љубовен план, особено ако подолго време се во врска каде не се чувствуваат исполнето. Можни се афери и авантури, што ќе ви овозможат да се чувствувате исполнето и да уживате во сѐ она што сте го посакувале.

На крајот на годината точно ќе знаете што ви е она што ви треба за да се чувствувате целосно исполнети и тоа ќе значи нов почеток во врската за голем број претставници на вашиот знак.

Риби

Во 2023-та година конечно ќе ја најдете вистинската личност што ќе ви помогне да се чувствувате пожелни за време на сексот.

Потребен ви е емотивен партнер, што не се срами од тоа да дозволи да го водат страстите и да биде отворен со вас да ги истражи сите ваши скриени желби и фантазии.

Ова особено ќе дојде до израз во втората половина од годината кога многу подлабоко ќе размислувате за тоа што ви треба во врската и што може да направи да се чувствувате исполнето.

Очекувајте во септември да ја запознаете личноста што е вистинска за вас и со која ќе можете да уживате во целост, а веќе во октомври можно е да донесете важна одлука за сериозна врска или за брак.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg