Како се однесуваат хороскопските знаци кога се анксиозни?

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-imaat-anksioznost-02.jpg

Вага

Вагите се дружељубиви личности кои постојано се опкружени со луѓе.

Кога се анксиозни, тие стануваат потполно различна личност и целосно се изолираат.

Ги избегнуваат дури и најблиските пријатели, без да сфатат дека со ова само си ја влошуваат состојбата.

Скорпија

Скорпиите можат да бидат многу драматични и да ги преувеличуваат проблемите.

Кога, пак, се анксиозни, овие карактеристики стануваат многу поизразени.

Почнуваат да се грижат за најмали ситници, си измислуваат проблеми и за нив е практично невозможно да се ослободат од негативните мисли.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои постојано истражуваат.

Но, кога страдаат од анксиозност, ја губат секоја желба за авантура.

Истовремено, почнуваат да наоѓаат замерки за сè околу нив и ги критикуваат другите и за најмалите ситници.

Јарец

Кога се анксиозни, Јарците стануваат гневни и раздразливи.

Сакаат што побрзо да се ослободат од негативните мисли и чувства, па постојано бараат некоја активност.

Бидејќи нивните вообичаени обврски не им помагаат во ова, почнуваат да се мешаат во животот на другите околу нив и пробуваат да ги решат нивните проблеми.

Водолија

Водолиите се личности со изразена имагинација, а ова ја прави нивната анксиозност навистина лоша.

Тие можат да ги преувеличат и најмалите проблеми и почнуваат да си ги замислуваат најцрните сценарија.

Понекогаш сфаќаат дека не размислуваат рационално, но ни ова не им помага да се ослободат од лошите мисли.

Риби

Можеби звучи чудно, но на Рибите им треба доза анксиозност за да преземат нешто кога се соочени со некаков предизвик.

Всушност, тие знаат да ги пренасочат негативните чувства од анксиозноста и да ги искористат за нешто креативно и продуктивно.

Факт е дека не можеме да ги контролираме нашите емоции, но можеме да ги контролираме нашите реакции на нив, а Рибите се експерти за ова.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што вие ја потценувате, но другите ја сакаат, според хороскопот Бикови, вие имате одлучност која неретко ја потценувате. Но, токму ова е особина...
4 хороскопски знаци кои (некогаш) делуваат како негативци Јарци, вие имате превисоки очекувања од другите. Па, кога нема да ги исполнат, б...
Една најголема причина поради која секој хороскопски знак ќе ви раскине Бик - Ако личноста со која се во врска не може да им ја даде посакуваната сигурн...
Една досадна навика со која ги нервирате сите, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте скржави со пари, без разлика колку многу имате. Лавови, вие сакат...
Пет месеци во кои се раѓаат луѓе кои не зборуваат многу, но се паметни и постојано анализираат Додека другите едвај чекаат да дојдат на ред за да кажат нешто, родените во јану...

Најчитани неделава