Како секој хороскопски знак се справува со 30-иот роденден?

Додека Близнаците почнуваат да паничат и во последен момент ги откажуваат сите планови за 30-тиот роденден, Јарците не обрнуваат многу внимание на годините, па 30-тиот роденден не е ништо посебно за нив.

kako-sekoj-horoskopski-znak-se-spravuva-so-30-iot-rodenden-01.jpg

Секоја нова деценија нè тера да размислуваме за нашиот живот, а ова е можеби најизразено на 30-иот роденден.

Во 20-тите, иако сме возрасни, уште сметаме дека имаме дозвола да грешиме и си дозволуваме да лудуваме и да бидеме неодговорни.

Но, како што се наближува 30-иот роденден, сфаќаме дека безгрижните денови навистина се зад нас и сега ќе мораме да бидеме посериозни.

Како секој хороскопски знак се справува со 30-иот роденден?

Овен

За 30-иот роденден, Овните организираат огромна, луда забава на која ги канат сите пријатели. Тие сметаат дека прославата за овој роденден им е последна можност да прават што сакаат, без да ги сносат последиците.

Причината за овие мисли е нивната амбициозност – Овните се сигурни дека во 30-ите ќе станат ултра успешни, па не само што ќе немаат време за лудории, туку ќе треба да размислуваат и за нивната репутација.

Генерално, тие се среќни што почнуваат ново поглавје од животот и се возбудени за 30-ите.

Бик

Биковите не се оптоваруваат премногу со возраста, па за нив, 30-иот е како и секој друг роденден.

Роденденот го прославуваат во кругот на најблиските пријатели и членови на семејството, најчесто со вечера во ресторан.

Биковите немаат грижи за иднината. Тие се сигурни во себе и своите одлуки и се чувствуваат среќно без разлика на нивната возраст.

Близнаци

Како што наближува 30-иот роденден, Близанците почнуваат да паничат. Тие сметаат дека штом ќе наполнат 30, ќе мора да заборават на лудите забави.

Бидејќи ова ги разочарува, најпрво ќе ги откажат сите планови за роденденот.

Но, во последен миг ќе организираат нова забава со која ќе се надминат себеси.

Кога ќе им поминат црните мисли, сфаќаат дека секогаш ќе бидат млади во душа и дека годините навистина се само број.

Рак

Раковите сакаат да ја почнат новата деценија од животот помагајќи им на другите, па сосема возможно е да го поминат 30-иот роденден волонтирајќи за некоја добротворна цел.

Тие веруваат дека колку сме постари, толку повеќе треба да му дадеме на човештвото и на светот.

Што ќе наполнат 30, Раковите се на мисија да го променат светот на подобро, но и да станат подобра личност, ослободувајќи се од сите лоши навики и застарените вредности.

Лав

Лавовите се всушност среќни кога им наближува 30-иот роденден бидејќи сметаат дека со секоја година се попаметни, а ова значи дека ќе се нижат и повеќе успеси.

Лавовите сакаат да бидат успешни и богати, а сметаат дека секој нареден роденден ги носи поблиску до оваа цел.

За 30-иот роденден ќе направат огромна забава на која ќе ги поканат сите што ги знаат и ќе се потрудат сите очи да бидат вперени во нив.

Девица

Девиците најверојатно ќе ги замолат пријателите или партнерот да им организираат забава.

Со ова се ослободуваат од непотребните грижи за организирањето, но си даваат и можност да обвинат некој друг ако забавата не оди по план.

Иако изгледаат како да не се грижат премногу за возраста, на 30-иот роденден најверојатно ќе испијат многу алкохол токму поради грижите за возраста.

А, ако се опијат премногу на забава што не ја организирале самите, секогаш можат да ги обвинат организаторите што не воделе подобра грижа за нив.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg