Што открива за вашиот карактер денот во којшто сте родени?

Луѓето родени во понеделник се чувствителни и емотивни, додека оние родени во среда се интелигентни и снаодливи. Кои карактеристики доминираат кај вас според денот на раѓање?

shto-otkriva-za-vashiot-karakter-denot-vo-kojshto-ste-rodeni-01.jpg

Според астрологијата, покрај хороскопскиот знак, и денот на раѓање може да има големо влијание врз нашиот карактер.

Секој ден од неделата е владеен од различна планета, а токму таа „одредува“ дел од нашите доминанти карактеристики.

Па, каква личност сте според денот во којшто сте родени?

Понеделник

Ако сте родени во понеделник, вие сте личност која е чувствителна и емотивна.

Ги цените приватноста и удобноста, а ја следите интуицијата за повеќето животни одлуки.

Понеделник е владеен од Месечината, која се поврзува со променливо расположение – исто како промените на нејзините фази.

Исто така, се поврзува и со грижливоста и посветеноста кон другите.

Вторник

Ако сте родени во вторник, вие сте страсна и амбициозна личност. Посветено работите на вашите цели, а најверојатно сте и личност која ја сака физичката активност.

Вторник е владеен од Марс.

Планетата Марс се поврзува со делувањето, но и карактеристиките како храброст.

Неретко луѓето родени во вторник се истакнуваат со својата самодоверба.

Среда

Луѓето родени во среда се интелигентни и снаодливи.

Одлично комуницираат и се мошне дружељубиви.

Среда е владеена од Меркур, планетата којашто се поврзува со нашиот ум и начинот на размислување.

Луѓето родени во среда неретко се писатели, новинари, луѓе кои го користат својот глас за да го подобрат светот.

shto-otkriva-za-vashiot-karakter-denot-vo-kojshto-ste-rodeni-02.jpg

Четврток

Оние кои се родени во четврток се екстроверти. Сакаат да се дружат, секогаш се оптимисти.

Постојано трагаат по вистината, но и длабокото значење на животот.

Четврток е владеен од Јупитер, а оваа планета ја претставува мудроста.

Па, родените во четврток сакаат да учат, да го прошируваат нивниот ум со нови искуства.

Петок

Ако сте родени во петок, вие сте шармантна, но и привлечна личност.

Имате одличен вкус за мода и сакате да уживате во убавите работи што ги нуди животот.

Петок е владеен од Венера, која се поврзува со љубов, пари, уживање и, генерално, убави работи.

А, луѓето родени во петок го ценат токму тоа.

Сабота

Доколу сте родени во сабота, вие сте приземјена и одговорна личност.

Вложувате многу труд во секоја ваша цел, а неретко делувате многу сериозно.

Сабота е владеена од Сатурн – планета која се поврзува со организација и структура.

Токму ова се работите што ви се најважни во животот.

Недела

Луѓето родени во недела се многу независни. Тие се свесни за своето вистинско јас и никогаш не пробуваат да го скријат.

Полни се енергија и неретко се најпопуларни во друштвото.

Недела е владеена од Сонцето – еден од најважните елементи во астрологијата.

Па, оние родени во недела најмногу ги чувствуваат придобивките од неговото владеење.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава