Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео)
Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехранбена боја, самата процедура трае едвај неколку минути.

Пред Велики четврток, денот кога многу домаќинки ги фарбаат велигденските јајца, решете какви јајца ќе сакате да направите годинава, за да ги имате дома сите потребни состојки пред да почнете со бојосување.
А доколку се решите за оваа лесна техника, верувајте, ќе имате преубави велигденски јајца.
Потребни состојки:
- Бели јајца
- Прехранбена боја (2-3 различни бои, по ваша желба)
- Ластичиња
- Мрежичка во која сте купиле спакуван зеленчук или овошје
- 9% алкохолен оцет
Начин на подготовка:
- Измијте ги јајцата и ставете ги да се сварат.
- Кога ќе бидат готови, едно по едно подгответе ги за фарбање.
- Неколку јајца завиткајте цврсто во мрежичката од зеленчукот и врзете ги со ластиче (како во видеото).
- Околу останатите редете ластичиња како што сакате - хоризонтално, вертикално, на косо, едно покрај друго, да се преклопуваат - по ваша желба.
- Во длабок сад ставете ја бојата за храна, па прелејте ја со жешка вода.
- Во секој сад додадете по 2 лажички алкохолен оцет (9%).
- Еден дел од јајцата ставете ги во садот со една боја, останатите ставете ги во садот со другата боја.
- Оставете ги да отстојат 45 минути, па извадете ги.
- Отстранете ги ластичињата, односно мрежичката.
- Премачкајте ги со малку масло за да добијат сјај.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео)
Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео)
Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така...
Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...