2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео)
Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да не личат на ништо што сте правеле во изминатите години, овие две техники (со масло и со восок) се и брзи и лесни, а вие ќе се гордеете со крајниот резултат.

Во пресрет на велигденските празници, кога секоја домаќинка прави планови како да ги украси велигденските јајца, а да се различни од минатите години, ви нудиме две лесни и брзи техники за бојосување.
Едната е во масло, а втората со восок од свеќа.
Пробајте ги, верувајте вреди, а резултатите се одлични.
Јајца бојосани со восок
Потребни ви се бели јајца (варени), бои за јајца или за колачи (во прав или гел бои), 1 мала свеќичка, 100-150ml вода за секоја ќесичка со боја, 1 лажица алкохолен оцет за секоја една боја и чепкалки за уши.

Начин на фарбање:
- Сварете ги јајцата и оставете ги убаво да се оладат и да бидат суви.
- Запалете ја свеќичката и со чепкалка за уши земајте од стопениот восок, па нанесувајте топчиња на јајцето.
- Во длабок сад ставете 100 до 150ml вода, па во неа ставете 1 лажичка алкохолен оцет, а потоа и бојата за јајца.
- Кога ќе ја изматите убаво, во бојата ставете го јајцето и оставете го да отстои една до 2 минути, па извадете го.
- Кога ќе ги офарбате сите јајца, почекајте да се исушат, а потоа, по желба, премачкајте ги со малку масло за да бидат сјајни.
