Направи сам: Интересни и креативни ламби

Со искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-1

За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата.

Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите илјадници на нова ламба заштедете и направете си сами, брзо и едноставно.

1. Ламба од пластични лажици

За оваа ламба потребно ви е големо пластично шише и многу пластични лажички. Исечете ги дршките од лажичката и со лепило зацврстете ги за шишето. Дното од шишето исечете го бидејќи низ тој дел ќе ја внесете сијалицата. Добивате интересна и впечатлива ламба.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-3



2. Закачалки за модерна и забавна соба

Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Земете бандаж од некој стар велосипед и на него прикачете закачалки кои може да бидат дрвени или пластични.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-3-



2. Претворете ја собата во шума

Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Направете топка од жици кои меѓусебно ќе бидат преплетени, а потоа набавете гранчиња чија намена е за украсување на домoт. Употребете спреј во бела боја и офарбајте ги парчињата со кои работите. Овие два дела спојте ги и не заборавајте да оставите простор за сијалицата. Не ви треба премногу јака сијалица, колку послаба толку поголем ќе биде ефектот на шума во собата.  

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-4



3. За боемите

Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип ламби би изгледале одлично во просторија со полица за книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате. Исечете го горниот дел од шеширот, онолку колку што ви е потребно за да помине кабелот во кој ќе ја приклучите сијалицата. Внимавајте на пропорциите бидејќи сијалицата ќе ги држи шеширите. Поставете повеќе од една ваква ламба за повеќе светлина во просторијата.

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-6



4. Поинакво кујнско светло

Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија. Направете дупки во рендињата каде што би поминувале каблите од сијалиците, а од нивната долна отворена страна спојте ги со мала светилка.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-5



4. Во облаци

Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен осветлувачки ефект. Главниот облак зад кој ќе стои сијалицата е направен од дрво и зад него можете да го поставите главниот притискач за оваа ламба.

napravi-sam-interesni-i-kreativni-lampi-6.-jpg



5. Лименки

Отворачите на лименката се поврзуваат една со друга на веќе однапред направена форма од жица каде ќе биде сијалицата и кога целата основа ќе ја потполните со овие желевца, на тој начин добивате мала ламба за на работна маса..

napravi-sam-lambi-koi-kje-bidat-odraz-na-vasata-kreativnost-10

Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат.

Која од овие ламби ја посакувате во вашиот дом?

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg