Светски фестивал за цртање на тело: Уметнички дела на гола кожа

Светскиот фестивал за боење на телото е одржан во малиот австриски град Поертишах. Уметници од 47 земји од сите страни на светот се собраа во овој град и ги покажаа своите дела кои се сликани исклучиво на гола кожа.

svetski-festival-za-crtanje-na-telo-umetnicki-dela-na-gola-koza-01

Овој настан е опишан како уметничко, музичко и модно шоу, кое оваа година како тема ја има поп-арт културата.

Фестивалот се одржува по 17. пат, а моделите кои претставуваат платно за сликање на уметниците, се вистинска атракција во градот. На себе немале ништо, освен боја и некое парче кое им ги покрива најинтимните делови.

Дезените и боите кои ги користеле уметниците се најразлични, но заедничко им е тоа што сите мора да бидат во поп-арт стил.

По четврти пат победници на овогодинешното издание се Скот Фреј и Медлин Греко.

Би можело да ве интересира:

Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот род... И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојате...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...

Најчитани неделава