Како би изгледале Дизни принцезите кога би биле девојки од 21-от век?

Аноша Сјед е илустратор за детски книги и дизајнер која е фасцинирана од Дизни принцезите, па решила да ги замисли и нацрта како девојки од 21-от век.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-01.jpg

Секоја принцеза има свој сопствен изглед и своја сопствена приказна.

Мерида - Панк рокерка

Мерида секој викенд оди на јавање со Ангус и бидејќи по природа е бунтовник, омилена музика ѝ е британскиот панк рок, а омилен бенд Mor’du.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-1.jpg


Снежана - Кралица на социјалните мрежи

Снежана или попозната како @poison_apple7 е модна блогерка која ги обожава винтиџ модните детали, природата и старите филмови. Таа никаде не излегува без нејзиниот iPhone. На социјалните мрежи има голем број на следбеници, бидејќи е скромна и промовира прифаќање на убавината во сите облици и големини.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-2.jpg


Ариел - Антрополог

Уште како малечка, Ариел знаела што сака да биде кога ќе порасне морски биолог како нејзиниот татко. Тоа не било нејзин сон, но знаела дека нејзиниот татко ќе биде среќен. Дури и се приклучила на пливачкиот тим од училиште - The Flounders. Но, по еден час по Антропологија на колеџ, открила што ја интересира. Нејзините сестри мислат дека го променила изборот на главни предмети само поради слаткото момче Ерик. Но, таа сфатила дека ја интересира човештвото.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-03.jpg


Покахонтас - Лингвист

Покахонтас студира јазици, но и работи како преведувач. Покахонтас сака предизвици и малку ризик па постојано планинари, кајакари и нурка. Сонува да биде дел од филмската индустрија и да работи како културен советник.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-4.jpg


Есмералда - Балерина

Како дете, Есмералда пристигнала во Франција како доселеник - сега таа е примабалерина за најпрестижната балетска компанија во Париз. Напорно работела да дојде до таму и покрај предрасудите со кои се соочувала. Никогаш не заборава на своите корени и секогаш е во првите редови на протести. Омилено место во Париз ѝ е Богородичната црква.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-5.jpg

Уште 5 принцези на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
Браво! Талентирана девојка од Скопје создава нереални мурали на зградите и по локалите кај нас „Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови ...
9 декорации од TEMU со кои ќе си ја претворите терасата во бајковито катче Скаличка за редење саксии, декоративни украси за на ѕид, вештачка трева за на по...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...

Најчитани неделава