Како би изгледале Дизни принцезите кога би биле девојки од 21-от век?

Мулан - Кадет

Мулан сака да ги следи стапките на својот татко, па затоа се запишала на воено училиште. Единствениот проблем со кој се соочува е тоа што таму сите се машки, но со помош на нејзиниот тренер Мушу таа тајно се маскирала во момче и успеала да се запише. Секако, нејзината тајна се открива, но поради нејзините таленти таа останал да учи таму. Благодарение на неа, училиштето сега ги отворило своите врати и за жените.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-6.jpg


Тијана - Претприемач

Тијана се наоѓа на листата „25 најуспешни луѓе на 25 години“ затоа што е еден од најмладите сопственици на ресторани. Од еден мал успешен ресторан, нејзиното кафуле-ресторан „Tiana’s Palace“ се има раширено низ целата земја.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-7.jpg


Бела - опседната со книги и серии

Бела сè уште е страсен вљубеник во книгите и опседната е со филмови и серии. Знае да остане и до 4 часот наутро за да изгледа цела една сезона на „Игра со тронови“. Има свој Tumblr.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-8.jpg


Јасмин - блогерка за патување

Јасмин го истражува светот и сака да искусува различни култури. Омилен дел од патувањето ѝ е погледот од авионот кон бесконечното сино небо. Таа учи да биде ветеринар и е активист за заштита на животните. Има 5 мачки.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-9.jpg


Џејн - Уметник

Џејн Портер има диплома за илустрирање, а нејзиниот татко и дал неверојатна можност која никако не сака да ја пропушти - скицирање на горили во Конго.

dizni-princezite-zamisleni-kako-devojki-od-21-ot-vek-10.jpg

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...

Најчитани неделава