„Направи сам“ проект: Украсете го домот со велигденски свеќи во форма на јајце

Велигденските декорации во домот можете да ги надополните со интересни свеќи во форма на велигденски јајца.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-01.jpg

Велигденските празници се празници кои го собираат семејството на едно место, а ова е одличен начин да поминете време со семејството за забавни активности.

Потребни материјали:

  • Неколку празни лушпи од јајца
  • Парафински / восочни снегулки или безбојни парчиња од свеќа
  • Неколку фитили за свеќи
  • Неколку хартиени чаши
  • Пастелни бои
  • Етерични масла (по избор)

Подготовка:

1. Направете мала дупка во јајцето и испразнете го јајцето од внатрешната содржина.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-1.jpg

2. Издробете ги на ситни делови пастелните боички и поделете ги рамномерно во две чаши. Надополнете ги со восочни снегулки или изронета свеќа и ставете ги во микробранова да се згреат.

Во рок од неколку минути со интервали помеѓу нив содржината на чашите треба целосно да се стопи. Ако сакате вашите свеќи да бидат ароматични, додадете при топењето неколку капки ароматично масло и брзо промешајте до добивање на хомогена смеса.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-2.jpg

3. Ставете фитил во секоја од лушпите од јајце, така што ќе направите мала дупка во долниот крај на јајцето. Потоа обидете се што е можно побрзо да го налеете растопениот восок во јајцето, придржувајќи го фитилот исправен.

Откако ќе наполните 1/4 од просторот почекајте некое време додека восокот внатре во јајцето се зацврсти и тогаш продолжете со додавање на остатокот.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce3.jpg

4. Повторете ја постапката и со останатите лушпи од јајца, притоа користејќи различни бои и ароматични масла.

Откако восокот ќе се стврдне само нежно искршете ја и излупете ја лушпата од јајцето и веќе имате прекрасни ароматични свеќи.

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-4.jpg

ukrasete-go-domot-so-veligdenski-svekji-vo-forma-na-jajce-5.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...

Најчитани неделава