Фустан инспириран од изреката „Кој ќе остане последен, нека ја изгасне сијалицата“

Сте ја слушнале изреката „Кој ќе остане да ја исклучи светилката?“, нели? Серијалот фотки насловен „Lights Out“ е последниот во низата успешни проекти на фотографот Естебан Брокос, во кој моделот носи фустан украсен со 300 светилки.

fustan-inspiriran-od-izrekata-koj-kje-ostane-posleden-neka-ja-izgasne-sijalicata-01.jpg

Средината во која се направени фотографиите вклучува локации во Панама, како шуми, осамени хотели, напуштени бродови и приватни острови кои некогаш биле дом на картели со дрога, во кој девојката блеснува со светлина во буквална смисла на зборот.

Идејата на Естебан е да го прикаже последниот преживеан човек на планетата чии добра немилосрдно ги искористуваме, не размислувајќи за нивно надоместување.

Создавањето на фустанот со 300 светилки и повеќе од 2.020 вати енергија бил вистински предизвик, но и пронаоѓањето на девојка која ќе го носи, бидејќи истовремено треба да е прекрасна убавица, но и вистински пост-апокалиптичен храбар воин, кој ќе го издржи товарот на фустанот од 10 килограми врз своето тело.

Резултатот се неверојатни фотографии кои го опиваат сетилото за вид.

Погледнете кој последен ќе ги исклучи светилките:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
9 бесмислени дизајнерски решенија во лифтови – ќе помислите дека некој се шегува со вас (фото) Знак за лифт каде што нема лифт или лифт од кој излегувате и пред вас има дупка,...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...

Најчитани неделава