Иновативни парчиња мебел кои ќе посакате да се ваши

Функционалниот мебел кој може да се трансформира станува сè поактуелен во новото време во кое живееме.

inovativni-parcinja-mebel-koi-kje-posakate-da-gi-imate-001.jpg

Креативниот дизајн и иновативните идеи секојдневно ни помагаат правилно да го искористиме просторот во кој живееме или работиме.

Новата колекција на латвискиот дизајнер Роландс Боксети е дизајнирана токму во таков стил. Колекцијата има за цел да обезбеди простор и функционалност во малите станбени простори каде секој милиметар е многу важен.

Колекцијата вклучува мултифункционални дизајни за спални соби, дневни соби и кујни, со компактни модули кои ви нудат неограничен број на комбинации во согласност со вашите идеи и замисли.

Кога се споени, тие личат на мали кутии кои не заземаат огромен простор, но штом ќе почнете со нивна трансформација ќе видите дека дури и најмалите делчиња имаат своја намена и функција која ќе ве воодушеви.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава