Иновација од архитектите: Како да се намали загадувањето на воздухот?

Во пресрет на зимската сезона, кога загадувањето со ПM10 честици во воздухот значително се зголемува, дали сте се запрашале од што се состои идеалниот градежен објект кој може да го анулира нивото на штетните честички?

Najidealnoto-arthotektonsko-resenie-za-zagaduvanje-na-vozduhot-01.jpg

Станува збор за едноставна мешавина од цемент и бетон, но разликата е во тоа што за разлика од обичните, овие имаат својство да го впиваат загадувањето од воздухот и да се прочистуваат самите со помош на дождовна вода.

Компанијата „Italcementi“ ја разви оваа неверојатна иновација, имајќи предвид дека цементот и бетонот се „живи“ материјали со способност за бескрајни транформации и загарантирана издржливост.

Ваков објект со гореспоменатите материјали отпорни на загадување е изграден во преградието на Рим од страна на архитектот Ричард Мејер, едноставно наречен „Црквата на 2.000“.

Najidealnoto-arthotektonsko-resenie-za-zagaduvanje-na-vozduhot-02.jpg

Објектот е еколошки гледан од 2 аспекти: Цементот и бетонот кои се употребени за „прочистувачката фасада“ и големите стаклени површини кои заштедуваат електрична енергија за осветлување и загревање.

Иновациите од ваков тип, односно комбинациите на специјален цемент+бетон+стаклени површини ни ја покажуваат насоката по која треба да се движиме, за да се намали загадувањето во урбаните средини.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава