Би спиеле во луксузен кревет-школка?

Инспириран од бајката за „Малата сирена’’, португалскиот производител на луксузен мебел Circu го претстави магичниот школка-кревет.

magichen-krevet-za-mali-i-golemi-sireni-1.jpg

Покрај перниците и душекот во боите на јадро на школка, како и дискретното сино осветлување над надглавјето, креветот има и вградено огледало, но и телевизор за уживање во долгите ноќни филм маратони.

Креветот се склопува налик на вистинска школка, a можно е да се изработи по нарачка, во согласност со посакуваните димензии и избор на бои по желба.

Податокот кој на сите „копнени сирени“ со сигурност ќе им ја растури оваа романтична дизајнерска магија, е цифрата од 16.000 долари, колку е потребно да издвоите за еден кревет со стандардна величина.

magichen-krevet-za-mali-i-golemi-sireni-2.jpg

magichen-krevet-za-mali-i-golemi-sireni-3.jpg

magichen-krevet-za-mali-i-golemi-sireni-4.jpg

magichen-krevet-za-mali-i-golemi-sireni-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...

Најчитани неделава