Може да ги направи секој: Велигденски јајца како еднорози (видео)

Подарете им симпатичен еднорог на вашите пријатели или на најмалите дечиња, кои со сигурност ќе се израдуваат повеќе од очекуваното.

moze-da-gi-napravi-sekoj-veligdenski-jajca-kako-ednorozi-1.jpg

Една германска блогерка сподели кратко „направи сам“ видео на Инстаграм во кое за неколку минути од обичните јајца прави уметност.

Проект кој може да го направи секој, дури и оној кој смета дека е невешт.

Што ви е потребно?

  • 6 јајца
  • Парче златна украсна хартија
  • Лепак
  • Црн фломастер
  • Вештачки цветчиња

Што да направите?

Јајцата може да ги оставите какви што сте, неофарбани, или да ги офарбате во некоја нежна боја.

Со фломастер нацртајте им очи и трепки.

Исечете мало парче од златната украсна хартија и направете конус, кој ќе го залепите на врвот од јајцето.

Потоа додадете ги цветчињата околу рогот.

Готовите еднорози ставете на убава подлога и со нив декорирајте ја трпезата или едноставно - подарете ги.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...

Најчитани неделава