Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Траги од стрии трансформирани во неверојатни уметнички дела со бои на виножито

Девојка со одлична идеја ги бои трагите од стрии на женското тело во бои на виножитото за да ја постигне нејзината цел.

devojka-gi-transformira-tragite-od-strii-vo-neverojatni-umetnichki-dela-so-boi-na-vinozhito-01.jpg

Да се прифати и сака своето тело може да биде многу тежок предизвик, а на тоа не помагаат фотографиите од жени со прекрасни тела кои немаат никакви траги, рани, стрии или други недостатоци.

Сепак оваа девојка од Барселона се обидува да го промени сето тоа и верува дека сите тела се убави и дека секоја жена треба да го сака своето.

Наместо да бара начини да ги скрие трагите од стрии на женските тела, таа сака да ги истакне на прекрасен начин.

Таа ги бои таканаречените „недостатоци“ на жените во бои на виножитото за да покаже колку се тие прекрасни.

Талентираната девојка вели дека била инспирирана од нејзините траги од стрии: „Стриите се траги кои многумина од нас ги имаме на телото. Многу години ги мразев и се обидував да најдам начин да ги елиминирам, додека не сфатив дека ако не ги прифатам нив, не се прифаќам ни себеси“.

„Да се прифати сето ова значи да ги прифатите вашите корени, историја и сѐ што има во неа и после сѐ, да се прифатите себеси. Тие се дел од нашето постоење, моменти, животи и приказни за нас.“ - продолжува таа.

Фотографиите таа ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил и се неверојатни:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...
Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео) Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехр...
Од кралска елеганција до диско мотиви – Топ 7 трендови за декорација на новогодишни елки за 2025 Кралски гламур, диско топки, но и розови декорации … Кои теми на божиќни уредува...
Уникатни и рачно изработени подароци за Валентајн, од македонски мали бизниси Рачно плетен приврзок срце, брошеви со љубовни симболи, персонализирана книга ко...
За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg