Машини за перење, фотоапарати: 7 производи чии постари верзии се одамна заборавени


Машини за перење, фотоапарати: 7 производи чии постари верзии се одамна заборавени

Денес тие имаат подобра функционалност и попривлечен дизајн и не ни можеме да замислиме како би било да ги користиме нивните постари верзии.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-001.jpg

Технологијата напредува со навистина брзо темпо, па некои производи кои ги користиме денес, во минатото изгледале сосема поинаку.

Нивниот дизајн не бил толку атрактивен, ниту функционалноста добра како денес.

Како изгледале некои производи некогаш и сега:

Жилети

Од безбедност до дизајн, разликата е очигледна, зарем не?

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-01.jpg

Фотоапарати

Порано била вистински подвиг за да се направи една фотографија, а сега со само неколку кликови правите цела фотосесија.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-02.jpg

Велосипеди

Во минатото никој не мислел дека ќе постојат велосипеди како денешните, со кои транспортирањето е толку брзо и лесно.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-03.jpg

Машини за перење облека

Машините за перење не само што не изгледале естетски совршено, туку и немале можност како денешните да ги изведуваат сите функции со само едно притискање на копче, вклучително и перење и сушење.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-04.jpg

Пегли за облека

Старите пегли биле тешки и многу бавно се загревале, додека модерните не бараат толку напор и се многу полесни за користење.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-06.jpg

Машини за шиење

Во домот на баба ви можеби сè уште ја има старата верзија на машините за шиење која рачно треба да ја вртите. Новата верзија е многу поедноставна за работа и бара драстично помалку вложен труд.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-05.jpg

Бокал за топлење вода

Порано за топлење вода се користеле метални садови и бил потребен шпорет, денес тоа се прави со помош на електричен бокал.

mashini-za-perenje-fotoaparati-7-proizvodi-chii-postari-verzii-se-odamna-zaboraveni-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Денес е светски на спиењето - Спални соби во кои сакаме да го „прослав... Сонот ни е неопходен на сите за квалитетен живот, а денес го одбележуваме денот ...
Кул дизајни кои се доказ дека и обичните работи може да бидат ремек-де... Иако сме навикнати некои секојдневни работи да ги гледаме со еден ист дизајн, се...
Дизајни за кои сигурно ќе кажете „каде да ги најдам?!“ Понекогаш едноставно е доволно само да видите некој предмет за да сфатите дека в...