10 работи кои тату артистите би сакале да престанете да ги правите
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи кои тату артистите би сакале да престанете да ги правите

Не носете цело друштво со вас

Во ред е да носите еден пријател за емоционална поддршка, но не е во ред да носите цела дружина која ќе го деконцентрира тату артистот.

10-raboti-koi-tatu-artistite-bi-sakale-da-prestanete-da-gi-pravite-08.jpg

Не бидете глуви за советите

Тату артистот знае подобро од вас како вашата тетоважа ќе изгледа во текот на годините, па слушајте ги неговите сугестии. Можеби ќе ви даде совети околу големината и местоположбата.

10-raboti-koi-tatu-artistite-bi-sakale-da-prestanete-da-gi-pravite-09.jpg

Не нанесувајте премногу или премалку од препорачаната доза маст

Многу јасно се гледа разликата помеѓу тетоважа за која некој се грижи и тетоважа за која некој не се грижи.

Ако сакате таа да остане убава, внимателно слушајте ги упатствата во периодот на закрепнување, како што се нанесување маст, крема за сончање итн.

10-raboti-koi-tatu-artistite-bi-sakale-da-prestanete-da-gi-pravite-10.jpg

Не си правете тетоважа додека сте пијани

Никој не сака да тетовира пијани луѓе кои не седат мирни, кажуваат глупости и крварат многу. Да, алкохолот ќе го предизвика тоа, па крвта ќе го спречи тату артистот да си ја заврши добро работата.

10-raboti-koi-tatu-artistite-bi-sakale-da-prestanete-da-gi-pravite-11.jpg

Не правете тетоважа затоа што другите сакаат

Ова е најголемата грешка според тату артистите. Во ред е да прашате некој друг за мислење, но не е во ред да ставате некоја тетоважа без значење само затоа што вашето момче/девојка смета дека добро би изгледала на вас.

10-raboti-koi-tatu-artistite-bi-sakale-da-prestanete-da-gi-pravite-12.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Работи кои ги има само Јапонија, а се потребни на целиот свет На остатокот од светот му се потребни многу работи какви што ги има само во Јапо...
17 работи кои ги има во Јапонија, а дефинитивно ни требаат и нам Автобуските станици се одделени со стакло од патот, па на овој начин луѓето што ...
Направи сам: Убава рамка за чување драги работи Не ги фрлајте старите рамки за фотографии, бидејќи со малку труд тие можат ...