97-годишен дедо го спасил своето село, цртајќи уметнички дела по куќите


97-годишен дедо го спасил своето село, цртајќи уметнички дела по куќите

Хуанг бил единствениот жител во селото и сакал по секоја цена да го сочува и да му ја врати душата. За среќа, успеал во тоа!

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-01.jpg

Пред десетина години 86-годишниот Хуанг Јунг-Фу се соочил со опасноста тајванската влада да го затвори неговото село бидејќи тој бил единствениот преостанат жител.

Владата сакала на тоа место да изгради модерен комплекс со апартмани.

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-03.jpg

Му биле понудени пари за да спакува сè од неговиот дом и да се пресели на друго место. Но, тој не можел да го стори тоа затоа што куќата што ја имал во тоа мало тајванско село му била единствениот дом за кој знаел.

Затоа почнал да црта на старите трошни куќи и целото село го претворил во уметничко дело. Хуанг станал познат како „Rainbow Grandpa“.

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-04.jpg

Некогаш во ова село живееле 1.200 луѓе, но сите се отселиле, но откако уметничките дела на Хуанг станале познати, почнале дури да се собираат донации за спасување селото од уништување.

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-02.jpg

Емотивната приказна ги освоила сите и туристи почнале да доаѓаат секоја година. Сега, во селото одат по 1 милион туристи годишно.

Најдобро од сè е што Хуанг го задржа својот дом.

Неговото прекрасно село:

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-11.jpg

 

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-10.jpg

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-09.jpg

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-08.jpg

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-07.jpg

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-06.jpg

97-godishen-dedo-go-spasil-svoeto-selo-crtajkji-umetnichki-dela-po-kukjite-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул дизајни кои се доказ дека и обичните работи може да бидат ремек-де... Иако сме навикнати некои секојдневни работи да ги гледаме со еден ист дизајн, се...
Кога рекламата е генијална: Примери како маркетингот може да биде вист... Маркетингот, поточно рекламите веќе не се нешто неподносливо коешто веднаш чекат...
10 библиотеки кои изгледаат како да се излезени од волшебниот свет на ... Дури и да не сте љубител на пишаниот збор, морате да признаете дека некои библио...