10 скулптури што кријат моќни пораки

Често ги занемаруваме скулптурите околу нас и претпоставуваме дека пораката што ја испраќаат е онаа најочигледната. Но изгледа дека секоја статуа има многу подлабоко значење.

10-skulpturi-shto-krijat-mokjni-poraki-01.jpg

Скулптурите навистина можат да ви раскажат одлични приказни, само доколку сакате да слушате.

Погледнете ги 10-те скулптури чии приказни нема да ве остават рамнодушни:

Knife Angel од Алфи Бредли

Алфи ја направил оваа неверојатна скулптура со над 100.000 ножеви. Тој ги собирал оружјата низ Велика Британија од полицијата и од луѓе кои на некој начин биле жртва на насилство со нож.

Скулптурата патува низ Англија и ги учи луѓето за важноста на проблемот со криминалот со ножеви, но и покажува колку се опасни овие оружја.

10-skulpturi-shto-krijat-mokjni-poraki-02.jpg

Passer-Through-Walls од Жан Маре

Le Passe-Muraille е француска новела од Марсел Ајме и ја раскажува приказната за скромен канцелариски работник кој еден ден открива дека има супермоќ. Тој може да оди низ ѕидови, па го користи својот дар за да решава проблеми, но и да стане крадец.

Оди во затвор и бега, но еден ден ја губи моќта токму кога се обидува да помине низ ѕидот и се заглавува. Статуата што ја оживува приказната е и интерактивна и многу луѓе се обидуваат да го „извлечат“ мажот од ѕидот.

https://www.instagram.com/p/B1M-vFyi4G-/?utm_source=ig_embed

Building Bridges од Лоренцо Квин

Според Лоренцо, пријателството, мудроста, почитта, вербата, надежта и љубовта се состојките за подобар свет. Токму овие одлики се прикажани на 6-те пара раце што ја сочинуваат неговата скулптура.

https://www.instagram.com/p/B1PEAskCUqQ/?utm_source=ig_embed

Corporate Head од Тери Ален

Оваа скулптура се наоѓа во Лос Анџелес и прикажува бизнисмен кој си го посветил целиот живот за профитирање за себе и за компанијата за којашто работи. Тој е одделен од зградата само од вратот надоле, што значи дека неговите мисли се постојано на работното место.

Скулптурата го илустрира модерното темпо на живеење каде што луѓе мораат да ги поминат целите животи работејќи за некој бизнис.

Sphere Within a Sphere од Арналдо Помодоро

Оваа скулптура има комплексна структура од скршени сфери, а внатре има многу запчаници. Уметникот сакал да ги проучува геометриските форми и успеал да скрие длабоко значење зад едноставните форми.

Скулптурата ни покажува како сè во универзумот е поврзано и колку е кршлив нашиот свет.

https://www.instagram.com/p/BzWDCZNpbl2/?utm_source=ig_embed

Погледнете ги останатите скулптури на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg