Музеј за лоша уметност - Место со „најдобрите“ дела од оваа категорија


Музеј за лоша уметност - Место со „најдобрите“ дела од оваа категорија

Ако уметноста може да се подели на добра и лоша, тогаш овој музеј ги има најдобрите „најлоши уметнички дела“.

muzejot-za-losha-umetnost-mesto-kade-shto-se-sobiraat-najdobrite-najloshi-umetnichki-dela-01.jpg

Музејот на лоша уметност (MOBA) има колекција од над 600 дела, собирани од разни краеви од светот. Благодарение на неговата популарност, пак, голем број луѓе самите ги донирале нивните најлоши слики.

Музејот има три галерии и сите се наоѓаат во Бостон. Основан е во 1993-та година, а првата изложба за јавноста била организирана во 1994-та година.

muzejot-za-losha-umetnost-mesto-kade-shto-se-sobiraat-najdobrite-najloshi-umetnichki-dela-02.jpg

Идејата за музејот се родила кога дилерот со антиквитети Скот Вилсон, забележал лоша маслена слика во корпа за отпадоци. Неговите пријатели го охрабриле да почне да ги собира лошите дела, а првите изложби биле организирани во неговиот дом.

Бројот на посетители се зголемувал, а колекцијата на Скот била изложена во неговиот подрум. Со тек на времето, се појавила потреба за поголем простор, па музејот се претворил во она што е денес.

muzejot-za-losha-umetnost-mesto-kade-shto-se-sobiraat-najdobrite-najloshi-umetnichki-dela-03.jpg

Доколку се прашувате дали ова е некаква шега, на веб-сајтот на музејот стои објаснување:

„Оваа институција работи долго и напорно за да стане најдобрата установа за лоша уметност во светот. Ние ја сфаќаме нашата мисија многу сериозно и сме шокирани од вашиот потсмев.“

muzejot-za-losha-umetnost-mesto-kade-shto-se-sobiraat-najdobrite-najloshi-umetnichki-dela-04.jpg

Во продолжение погледнете ги „најдобрите“ дела од колекцијата на музејот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најдобрите фотографии од Инстаграм за 2018-та Дали и вие ги вежбате своите фотографски способности благодарение на Инстаграм? ...
Кул дизајни кои се доказ дека и обичните работи може да бидат ремек-де... Иако сме навикнати некои секојдневни работи да ги гледаме со еден ист дизајн, се...
97-годишен дедо го спасил своето село, цртајќи уметнички дела по куќит... Хуанг бил единствениот жител во селото и сакал по секоја цена да го сочува и да ...