Самохрана мајка сама си изградила куќа од 18 метри квадратни за да си ги намали трошоците

Мишел Боли од Орегон, до неодамна била присилена да изнајмува куќа, по цена од 1.173 евра месечно. Самохраната мајка, со два пропаднати бракови, сфатила дека е време да промени нешто.

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-01.jpg

Поради ниската плата, а високата кирија, оваа жена никако не можела да заштеди нешто. Сè што заработувала, трошела за храна и кирија. Едвај сврзувала крај со крај, сè додека нејзините деца не станале независни.

Тогаш Мишел ги зела работите во свои раце и решила самата да си направи мала куќичка.

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-02.jpg

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-03.jpg

Таа почнала да ги проучува туторијалите на луѓе кои веќе имале изградено мали куќи. Потоа успеала за мала сума, да си изгради своја куќичка.

Во куќата што ја изнајмувала, Мишел имала 3 спални соби, кујна, купатило, ходник и гаража. Денес, таа живее во куќа од 18,5 квадратни метри.

За изнајмување на земјиштето на коешто се наоѓа куќичката, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума се вклучени струја, вода и интернет.

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-04.jpg

„Не само што самата ја изградив куќата, туку и сама ја проектирав“, вели Мишел.

Целата покуќнина во новиот дом е од 40-тите и 50-тите години од минатиот век. Оваа храбра жена цели две години собирала мебел, со помислата дека еден ден ќе има своја куќа.

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-05.jpg

Кога ќе ги погледнете фотографиите од нејзиниот топол дом, нема ни да помислите дека е само 18 метри квадратни. А, Мишел вели дека е многу посреќна во оваа куќа, за разлика од големата што ја изнајмувала.

Денес Мишел гради и проектира куќи и за другите луѓе кои сакаат да ги намалат животните трошоци. Нејзиниот сон се претворил во кариера, па сега Мишел има и многу поголеми примања.

Би живееле во ваков дом?

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-06.jpg

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-07.jpg

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-08.jpg

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-09.jpg

samohrana-majka-samata-si-izgradila-kukja-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
2 брзи и лесни техники за фарбање велигденски јајца - со восок и со масло (видео) Ако сакате вашите велигденски јајца да бидат поинакви, впечатливи, шарени и да н...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава