Фотограф трпеливо чека во музеи и ги фотографира посетителите кои „си одговараат“ со изложените слики (фото)

Можеби на многу луѓе им е здодевно во музеј, но не и на овој фотограф. 

fotograf-trpelivo-cheka-vo-muzei-i-gi-fotografira-posetitelite-shto-si-odgovaraat-so-izlozhenite-sliki-foto-01.jpg

Стефан Драшан е фотограф од Франција кој направи интересен фото проект насловен „People matching famous paintings“ (Луѓе кои одговараат со познати слики).

Иако на прв поглед изгледа како фотографиите да се „местени“, убавината на проектот е во трпеливоста на Стефан.

Фотографот посетува разни музеи, најмногу во Париз, Виена и Берлин, и трпеливо чека случајни посетители кои ќе застанат пред слика што „одговара“ со нив. Резултатот се уникатни фотографии, со неочекувана хармонија помеѓу луѓето и класичните уметнички дела пред кои стојат.

Најчесто облеката на посетителите одговара со сликата, но понекогаш одговараат и детали како фризура, боја, па дури и брада.

Погледнете дел од неверојатната колекција на Стефан:

Извор

Би можело да ве интересира:

Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото) Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...

Најчитани неделава