Визуелни трендови во 2020-та – размислувајте однапред

6. MUTED SHADES BREAK

Контрастот на храбрите, футуристички бои се палетите со бои кои се смирени и нежни. Во морето од храбри дизајни и смели уметнички избори, пригушените нијанси претставуваат софистицираност која може да се постигне само со минимализам.

Според WGSN, бојата на годината ќе биде нео-минт – оваа нијанса е на граница со футуристички вибрации и трендот на пригушени бои. Потребни ни се повеќе бои кои го поседуваат балансот помеѓу природата и технологијата и ќе бидат совршен одмор за очите и умот.

„За нас, сè се врти околу JOMO, минимално движење и славење на задоволството кога ќе се пропушти нешто. Размислувајте минималистички со светла палета на бои и со чист пристап кон типографијата и фотографијата.“ - Nikki Burton, креативен директор во Perq Studio.

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-07.jpg

7. PLAY ON OPTICAL PERCEPTION

Сите добри дизајни успеваат да привлечат публика и внимание. Играта на оптичката перцепција или визуелната деформација на композиција и типографија, го привлекува окото многу повеќе отколку совршената композиција. Не може да престанеме да гледаме во дизајни со ваков стил бидејќи се неконвенционални и немаат јасни „патерни“.

Нашиот ум е програмиран да гледа во шема, но откако ќе престанете да го насочувате така во дизајнот, ќе почне да ја гледа големата слика.

„Ако гледаме на дизајнот како на визуелна игра, обидот да се вклучат просторни карактеристики на flat дизајните ги привлекува гледачите, бидејќи излегува од 2D природата која ја поседува.“ - Gleb Petrov, ко-основач на  MADCATS

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-08.jpg

8. ORGANIC MOTION GRAPHICS

Со вистинските алатки може да создадете дизајни кои истовремено ги дефинираат и пркосат законите на гравитација. Графиката со движење е екстензија на минатогодишниот тренд – транзиција на 3D дизајн.

Овој тренд зема инспирација од природата и природните форми, а понекогаш вклучува и измислување на нови елементи и форми, или визуелизација на непредвидливи хемиски реакции, прикажани како анимација.

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-010.jpg

9. SHIFT TO VERTICAL

Сега сите повеќе читаме содржина на мобилни телефони или правиме било што онлајн од овие уреди. Вертикалните видеа се најновиот хит за брендовите, инфлуенсерите и индивидуите кои користат социјални мрежи во зголемена мера. Овие видеа се прикажуваат 90% повеќе од објавите со слика.

Има многу поголема побарувачка за готов материјал кој може да се искористи за социјални мрежи, а брендовите бараат брзи решенија, па дури и платформите за комерцијални фотографии се приспособуваат на вертикалниот формат.

„Ќе мора да се следат законите на социјалните мрежи за да се преживее. Успехот на нашите дела ќе го определи тоа дали се или не се инстаграмџиски материјал.“ - Jovan Rocanov, креативен консултант во Aimbulance

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-10.jpg

10. HONEST CLOSE-UPS

Многу е лесно да се загубиме во големата слика и да заборавиме на малите работи кои се значајни. Брендовите почнуваат да преземаат иницијатива за искреност со фотографии кои прикажуваат крупен кадар од производите, фокусирајќи се на квалитетот и важноста да се биде отворен со клиентите.

Покрај тоа што овој тренд се користи во рекламирањето, се обрнува внимание на него и во фотографијата генерално. Фокусирајте се на помалку едитирање и покажете за што станува збор.

„Луѓето се прегорени од нивниот зафатен животен стил, до степен што дури и социјалниот живот е премногу изморувачки. Свеста за менталното здравје стана голема работа во денешно време и брендовите имаат голема улога на ова поле, па добро е да предизвикаат позитивни чувства кај клиентите.“ – Nikki Burton, креативен директор во Perq Studio

vizuelni-trendovi-vo-2020-ta-razmisluvajte-odnapred-11.jpg



Би можело да ве интересира:

„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg