Совршена за изолација – како изгледа подземна куќа од 2 милиони долари? (фото)

Ако сакате вистински да се изолирате од светот и при рака имате 2 милиони долари, тогаш сигурно ќе ви се допадне оваа куќа.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-01.jpg

Една куќа во Бафало, Тексас, стана интернет сензација, и тоа со причина – куќата има 3 спални, 2 бањи и 3 екстра соби, на површина од 280 метри квадратни. Она што ја прави куќата посебна е тоа што таа е целосно под земја.

Моментално куќата се продава, па ако случајно имате 2 милиони долари, може да биде и ваша.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-02.jpg

Иако во куќата нема природна светлина, целиот ентериер е украсен со мурали со живи бои, па нема ни да забележите дека се наоѓате под земја.

Над земјата се наоѓа само гаражата, а влезот до внатрешноста на куќата е направен да изгледа како тунел од камени цигли. Штом ќе влезете внатре, пак, веднаш ќе ги забележите живите и весели бои.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-03.jpg

Секоја соба од куќата си има своја тема и е украсена на различен начин, па внатре има „тропска“ соба, соба посветена на уметноста, но и соба со посуптилни декорации.

Куќата е и самоодржлива, па можете слободно да се вселите и да не ја напуштите до крајот на пандемијата. Водоводот е поврзан со бунар кој се наоѓа на имотот, куќата има своја канализација, па дури и генератор кој обезбедува струја за 2 недели.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-04.jpg

Сопственикот што ја градел куќата ги зел предвид и приватноста, и безбедноста, па оваа куќа може да ве заштити и од бурите и торнадата што се честа појава во оваа област.

„Изградена е во рид. Ископале дупка во ридот, ја направиле структурата, ја изградиле куќата, па ја закопале“, објаснува агентот за недвижнини кој се обидува да најде нови сопственици за овој необичен дом.

sovrshena-za-izolacija-kako-izgleda-podzemna-kukja-od-2-milioni-dolari-foto-05.jpg

Дури и ако имате клаустофобија, можете да престојувате во ова куќа – нејзините тавани се високи и по 8 метри.

Дали би живееле во ваква куќа?

Извор

Би можело да ве интересира:

Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи... Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
10 кул идеи за новогодишни подароци, од македонските мали бизниси Oд новогодишни куќички со името на вашето дете до меки лампиони, изработени спор...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава