Зошто сè почесто ќе се продаваат „половина“ новогодишни елки?
Никогаш не е прерано да почнете да размислувате за новогодишното китење, а изгледа оваа година ќе китиме половина, наместо цели елки. Зошто?

На некој му текнало дека задната страна на елката, освен што зафаќа многу простор и секогаш останува празна и ненакитена, баш и не е неопходна.
Затоа дизајнерите решиле да направат „половина“ елка која ќе може да се залепи за ѕид или во агол.

Овие половични елки црпат помалку украси и сијалички, а изгледаат подеднакво празнично. Плус, се идеални за во малите станчиња и соби во кои нема многу простор на располагање.
Би кителе половина елка за да заштедите простор?








М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ...
„Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...