Брачен кревет со скриен лавиринт – сопствениците на мачки мора да го имаат ова совршено парче мебел (фото)

Од компанијата Catlife го смислиле совршеното парче мебел за оние кои чуваат мачка - брачен кревет, под кој се крие дрвен лавиринт.

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-01.jpg

Навистина е тешко да ѝ угодите на вашата мачка. Дури и ако купите многу скапо креветче, таа најверојатно ќе си легне во кутијата од него или на вашиот кревет.

Истото важи и за играчки – купувајте колку сакате, но на крај мачката пак ќе си игра со кабли и врвки од патики, а ќе се крие во гардероберот.

Но, дизајнот на компанијата Catlife дефинитивно ќе им биде забавен на сите мачки.

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-02.jpg

Дизајнерите направиле брачен кревет, под чиј душек се крие дрвен лавиринт за вашето милениче.

„Со нашиот кревет, мачките ќе имаат само своја територија и ќе нема потреба да бараат друго безбедно место за криење. Под креветот ќе најдат тивко и безбедно место, а уште подобро е што дизајнот им е од корист и на сопствениците. Вие ќе можете да си спиете како досега, но сега вашата мачка ќе има уникатно скривалиште“, велат од компанијата.

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-04.jpg

Сепак, цената на овој кревет е навистина висока – од 2120 до 2650 долари, а во неа е вклучена само дрвената основа со лавиринтот.

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-05.jpg

Од компанијата велат дека идејата ја добиле уште во 2013-та, обидувајќи се да направат мебел што ќе го сакаат мачките.

Имајќи предвид дека мачките сакаат да истражуваат и да се кријат, направиле неколку дизајни што ќе ги задоволат овие нивни потреби. На крај, го дизајнирале креветот и навистина завршиле одлична работа.

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-03.jpg

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-06.jpg

brachen-krevet-so-skrien-lavirint-sovrsheno-parche-mebel-za-onie-koi-chuvaat-machka-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg