10 „направи сам“ новогодишни декорации, готови за 30 минути
Во еден ден може да ги направите и испробате буквално сите, затоа што нема да ви одземат време, а ќе го внесат празничниот дух во домот.

Може слободно да импровизирате со бои и состојки, важно е да ја искористите идејата:
Направете аранжман од шишарки, иглички од дрво и свеќи. По желба може да го пропрскате со вештачки снег.

Залепете неколку дрвени стапчиња или гранчиња во облик на ѕвезда или венче и обложете ги со зеленило или гранчиња рузмарин.

Истото може да го направите, само со обложување од сијалички.

Поткршените лампиони лесно може да се преворат во мини-икебани.

Наредете висечки елкички (направени од волна или украсни хартии за печење колачиња) на коноп и користете ги како украсни ленти.




Врамете дел од лампионите, наместо сите да ги ставате на елката.

Украсете ги вратите со хартија во боја.

Направете зимзелено венче од шишарки, на подлога од жици.

Ако имате скали со ограда, вметнете декорација од зелена лента и наредени лампиони на неа.

Закачете лампиони на украсна сатенска лента и поставете ги на средина од прозорите.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ...
„Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...