Креативна идеја на македонска блогерка – сушени портокали како лампиони за новогодишна елка (фото)
Теа Трповска е македонска блогерка чија пасија е готвењето, или како што стои во нејзиниот опис на Инстаграм – печењето леб. Hygge е нејзиниот стил на живот, а таа е неверојатно креативна личност чии прсти создаваат магија.

Овојпат таа сподели одлична, креативна идеја за претстојните празници – сушени портокали кои ќе ги заменат лампионите на новогодишната елка.
Покрај аспектот што овие „лампиони“ се еко-пријателски, тие се и многу декоративни и мирисливи. Изгледаат прекрасно, а аромата ќе ги привлече апсолутно сите кон вашата елка или божиќна гранка.





„Рецептот“ за лампионите портокали изгледа вака:
- Портокалите исечете ги на тркалца.
- Со кујнска хартија, натапкајте ги парчињата портокали за да излезе барем малку течноста од нив.
- Наредете ги на тавче за печење, обложено со хартија за печење и ставете ги во рерна да се печат/сушат на 150 целзиусови степени, од 2 ипол до 3 часа (во зависност од рерната).
- Портокалите треба да бидат исушени и тврди. Потоа, направете едно дупче со игла и протнете врвца.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Креативна Македонка направи сама адвент календар за децата - тетрапак пакувањата ги претвори во куќи...
Ружица Крстева е мајка на три деца која годинава се надмина со направи сам израб...
„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ...
„Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично
Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...