Носталгија за едно старо време: Нашите прабаби шиеле облека на „Сингерица“ – ја имате ли дома машината стара цел век?

Најголем дел од овие машини денес се оставени во некој агол, скриени, а во минатото биле неопходни за домаќинствата. Може да се видат и во излозите на некои од бутиците и кројачките салони. На вакви машини нашите прабаби и баби ја шиеле сопствената облека.

nostalgija-za-edno-staro-vreme-nashite-prababi-shiele-obleka-na-vakva-singerica-01.jpg

Во минатото нашите баби биле мошне вешти – сами ја шиеле облеката, или пак, ако не знаеле самите да шијат и да кројат, оделе кај кројач или шнајдер.

Речиси во сите домови на нашите баби и дедовци во некој агол од домот се крие по една машина за шиење, а во минатото се знаело – ќе купиш „Сингер“ или „Багат“ и со неа ќе го поминеш „цел век“.

nostalgija-za-edno-staro-vreme-nashite-prababi-shiele-obleka-na-vakva-singerica-03.jpg

Во некои домови сѐ уште може да се најдат старите „Сингерици“ што се управуваат со помош на рачка која се вртела со рака и кои се произведени на почетокот на минатиот век, или пак старите „Багат“ машини за шиење што се управуваат со нога.

Интересен податок е дека првата „Сингер“ машина за шиење за домашна употреба била произведена во 1855-тата година.

На нашето поднебје, во Хрватска, по Втората светска војна била отворена фабриката „Багат“ која исто така произведувала машини за шиење за домашна употреба.

Од 80-тите години на минатиот век, па наваму, машините за шиење станале понапредни, па имаат вграден мотор и се управуваат на струја, а имаат и вградено светло за полесно работење.

nostalgija-za-edno-staro-vreme-nashite-prababi-shiele-obleka-na-vakva-singerica-02.jpg

Речиси сите овие машини работат и ден-денес. За да шиете на нив не ви треба струја, ви треба само огромна волја за работа и трпение.

 Доказ за тоа се и споделувањата на социјалните мрежи, каде корисниците се пофалиле со новите проекти што ги сработиле на нивната „Сингерица“.

Во минатото се продаваа цели списанија со шеми за кроење, па голем број од нашите баби и повозрасните по овие шеми ја шиеле својата облека.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Вистинска уметност: Мајка од САД прави хумористични декорации со храна Кога има креативна мајка, тогаш има и насмеани дечиња, подготвени за оброк. Супе...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Генијални изуми и дизајни за деца што ќе им се допаднат и на родителите (фото) Мал писоар за момчиња во јавен тоалет, батерии со горчлив вкус и детско седиште ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg