Широки се едвај 3 метри, во нив живееле и по неколку семејства – Уникатните куќи во главниот град на Виетнам, Ханој (фото)

Најпопуларнте куќи во главниот град на Виетнам имаат ширина од само 2-3 метри, но можат да бидат долги 10, па и многу повеќе метри. Во нив живеат или едно семејство (родители и деца), или неколку генерации, а порано една куќа делеле и по шест семејства без крвна поврзаност. 

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-01.jpg

Ако некогаш имате можност да го посетите Ханој, обрнете внимание на домовите. 

Улиците на виетнамската престолнина се исполнети со тесни, но високи и долги куќи, кои со текот на времето станале најпопуларните живеалишта во градот.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-03.jpg

Куќите, нарекувани nha ong на виетнамски, наликуваат на ходници – повеќето имаат ширина од едвај 3-4 метри, но нивната должина може да биде и трипати поголема. Некои градби се широки и по само два метра.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-12.jpg

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-09.jpg

Во овие домови живее по едно семејство (родители и деца), но некогаш се заедничко живеалиште и на неколку генерации од истото семејство. Порано, пак, во една ваква куќа живееле и по неколку семејства кои не се крвно поврзани.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-04.jpg

Се верува дека првите вакви куќи во Ханој се појавиле кон крајот на 19-тиот век кога во областа на градот почнале да се населуваат многу луѓе. Постојат неколку претпоставки за потеклото на дизајнот на овие куќи.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-08.jpg

Некои сметаат дека причината е многу скапото земјиште. Кога населението во градот почнало да се зголемува, властите ставиле повисок данок на просторот што го зафаќаат домовите пред некоја улица.

Па, жителите почнале да го намалуваат тој простор, односно ширината. Бидејќи сепак им бил потребен простор во домот, почнале да градат во висина и должина бидејќи така плаќале помал данок.

Додека постарите куќи најчесто имале само по три ката, поновите можат да имаат и до 12 ката.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-11.jpg

Некои вакви куќи имаат и мали дворчиња кои се како збирно место за сите кои живеат во нив.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-0.jpg

Овие куќи ги има и по други градови во Виетнам, но дефинитивно се најистакнати во Ханој.

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-07.jpg

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-02.jpg

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-05.jpg

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-06.jpg

shiroki-se-edvaj-3-metri-vo-niv-zhiveat-i-po-nekolku-semejstva-unikatnite-kukji-vo-glavniot-grad-na-vietnam-hanoj-foto-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носталгија за едно старо време: Нашите прабаби шиеле облека на „Сингерица“ – ја имате ли дома машина... Најголем дел од овие машини денес се оставени во некој агол, скриени, а во минат...
16 неуспеси на дизајнери кои не размислувале за убавина или практичност Некои дизајни се генијални и ни останува само да се воодушевуваме. Други пак се ...
Луѓе кои сериозно се посветиле на виткањето подароци - нема да погодите што има во нив (фото) Некои луѓе сакаат да ги завиткаат подароците како што се – во кутија или украсна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg