„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вратат во едни поубави времиња

Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холивуд, шпанските серии со трагични краеви, индиските кои немаат крај, и секако турските серии кои владеат на екраните... но кои се легендите од македонската продукција?

makedonsko-retro-tv-narodni-vo-svetot-na-bajkite-salon-harmoni-cudovishtata-vo-nashiot-grad-beloto-ciganche-01.jpg

Зависни сме од телевизија, некој од трилер, други од акција, трети, пак, милуваат добра романтична комедија, а децата растат со принцезите и јунаците од Дизни. Но, ние децата од '80-тите и '90-тите растевме со „Том и Џери“, „Пинк Пантер“, но пред сè растевме со „Македонските народни приказни“, заспивавме со „Светот на бајките“, се смеевме со „Умни глави“, танцувавме на „Дајте музика“. Генерациите пред нас, е тие растеа со „Мечето Ушко“, „Белото циганче“, „Големи и мали“. И сите ние азбуката ја научивме да ја пееме со легендарната „Бушава азбука“.

Македонската телевизиска архива брои многу легенди, филмови, серии и детски програми, на кои до денес, слатко и носталгично се сеќаваме.

Синоним за наша продукција ми се единствените и најдобрите „Македонски народни приказни“, на чело со царот и царицата, Ѓорѓи и Шенка Колозови. Никој нема да ги замени во нивното мајсторство на малите екрани.

„Македонски народни приказни“ се екранизација на голем број на народни приказни од нашата земја, собрани од собирачите на народни умотворби Марко Цепенков и Кузман Шапкарев. Снимени се на неколку локации во околината на Скопје, во стари камени куќи и селски дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон во селото Нерези, на локации низ селата Добри Дол и Соње, а многу епизоди се снимени во чаршијата и Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

Првите епизоди се снимени во далечната 1986 година, а подоцна се преснимени под закрилата на различни телевизиски куќи во Македонија.

Досега се снимени околу 300 епизоди кои на малите екрани го пренесуваат животот на македонскиот народ под турско ропство, многу стари легенди и преданија и згоди и незгоди.

Во мојата меморија ќе останат врежани утрата со баба ми, кога ја чекавме новата епизода, а потоа и репризата ја гледавме во попладневните часови.

А секоја недела, пред спиење, нестрпливо ја чекавме новата бајка од „Во светот на бајките“. Јас, две децении подоцна, во очекување на моето прво бебе, ќе ја продолжам традицијата и со оваа песна ќе го заспивам моето малечко.

Нема некој што наизуст не ги знае стиховите „Кога заоѓа сонцето денот што го позлатува“. Заспивавме и се будевме со оваа песна.

„Во светот на бајките“ нè носеше во волшебниот свет на самовилите, на заробените принцези, сиромашните јунаци, љубовните приказни и волшебните летечки килими, скриените богатства и многу мудри поуки и лекции.

Во ретро ризницата од македонските екрани мора да се споменат и љубопитните, итрите и секогаш подготвени за борба, „Чудовиштата во нашиот град“.

Оваа телевизиска детска серија е снимена пред повеќе од 3 децении, а ние слатко се смеевме на сите нелогични решенија на чудовиштата кои ги играа врвните актерски легенди: Гоце Тодоровски, Димче Мешковски, Дади Ангеловски, Џумерко, Игор Џамбазов и многу други.

Ниедна роденденска забава не смееше да помине без силно и гласно да се испее најавната шпица од, тогаш омилената музичка емисија, „Дајте музика“.

Детските и тинејџерски таленти, предводени од Кристијан Габроски (Ристо Бомбата) и Снежана Коневска-Руси, отпеаја многу детски песни кои сè уште ги паметиме, ни одржаа вредни лекции за другарството, нè научија за првите симпатии и како се чуваат тајни.

30 години подоцна, МТВ повторно почна со снимање на легендарната „Дајте музика“. 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Росана Сариќ на календар, Дарио во бунда - Ретро-фотки кои ќе измамат насмевка на сите што растеа во... Наум Петрески млад во нукрачко одело, Тијана со црвена коса, Ребека во бикини - ...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
10 грешки во македонскиот јазик што ги правиме често, а поради кои изгледаме неписмени Не се вели базент, туку базен, и не одиме во ресторант, туку во ресторан. Ова се...

Најчитани неделава